Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 27 лица. Починале 12 лица од Скопје (60г, 65г , 66г, 66г, 69г, 73г ,74г, 77г, 78г, 78г, 79г и 82г), по 3 лица од Битола (60г, 66г и 79г) и Охрид (58г, 66г и 77г), по 2 починати лица од Куманово (59г и 75г) и Тетово (54г и 68г) и по едно лице од Прилеп (86г), Велес (56г), Гостивар (76г), Струмица (73г) и Кичево (63г). Од пријавените пациенти, еден е починат во домашни услови, а другите се починати во болнички услови.
Од МЗ исто така информираа дека во последните 24 часа, се потврдени 1.129 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 458 случаи во Скопје, Битола – 96, Куманово – 82, Прилеп – 54, Велес – 47, Тетово – 44, Кавадарци – 36, Гостивар – 33, Штип – 32, Кочани – 28, Кичево – 27, Охрид – 25, Струмица – 22, Валандово – 18 и по 17 во Неготино и Гевгелија.
Потоа, регистрирани се 15 случаи на Ковид-19 во Струга, Радовиш – 13, Ресен – 10, Берово и Пробиштип – по 7, Свети Николе, Крива Паланка, Делчево и Виница– по 6, Демир Капија, Демир Хисар и Кратово – по 3, Крушево, Богданци и Пехчево – по 2 и по 1 од Македонска Каменица и Дојран.
Регистрирани се 1.152 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 574, Куманово – 69, Велес – 67, Битола – 64, Прилеп – 60, Тетово – 45, Кавадарци – 38, Штип – 35, Струмица – 30, Гостивар – 27, Кочани – 16, Неготино и Гевгелија – по 15, Радовиш – 12, Ресен – 11, Кичево и Пробиштип – по 10, Крива Паланка и Виница – по 8, Берово – 7, Демир Капија – 6, Дебар и Валандово – по 4, Свети Николе – 3, Охрид, Делчево, Богданци, Демир Хисар, Пехчево и Дојран – по 2 и по 1 од Кратово и Македонски Брод.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 143.162, бројката на оздравени пациенти е 118.946, на починати е 4.289, а бројот на активни случаи изнесува 19.927“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 674.378 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 4.045 тестови.
Министерството за здравство денеска го објави и неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 5 до 11 април. Според него, во тој период, тестирани се вкупно 27.329 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 4.5% во однос на минатата недела.
Регистрирани се 6.867 новозаразени од 35 градови во државата, со намалување од 13.4% во однос на минатата недела. Најголем број од регистрираните пак, според извештајот на ИЈЗ, се од Скопје, 2.857 случаи или 41.6 отсто.
По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 6.112 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со зголемување од 25.7% во споредба со минатата недела.
Истовремено, пријавени се 276 смртни случаи од 29 градови, 6.2% повеќе во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 238 лицa биле над 60 години, 27 лица на возраст од 50-59 години, 8 лица од возрасната група од 40-49 години и 3 лица од 30-39 години, се додава во извештајот.
Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 05 до 11 април 2021 година, како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје.