Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 27 лица.
Починале 8 лица од Скопје (51г, 68г, 70г, 72г, 72г, 79г, 81г и 88г), 5 од Битола (70г, 73г, 73г, 74г, 81г), по 2 починати лица од Куманово (65г и 75г), Струмица (65г и 82г) и Крива Паланка (65г и 75г), по едно лице од Тетово (80г), Велес (74г), Кавадарци (64г), Струга (72г), Кочани (80г), Свети Николе (70г), Дебар (73г) и Демир Хисар (91г). Од починатите, 26 починале во болнички услови, а еден пациент во домашни услови.
Од МЗ исто така информираа дека во последните 24 часа се потвтдени 314 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 143 случаи во Скопје, 30 во Куманово, 18 во Битола, 16 во Велес, 15 во Струмица, 14 во Прилеп, по 9 во Штип и Охрид, по 8 во Тетово и Ресен и по 6 случаи на Ковид-19 се регистрирани во Кочани и Гевгелија.
Потоа, регистрирани се по 5 случаи на Ковид-19 во Кавадарци и Виница, по 4 во Гостивар и Кичево, по 3 во Свети Николе и Струга, по 2 во Берово и Пробиштип и по 1 случај е регистриран во Делчево, Богданци, Крушево и Демир Хисар.
Регистрирани се 557 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 275, Битола– 52, Куманово – 49, Велес – 28, Прилеп – 25, Тетово– 21, Гостивар и Кочани – по 19, Струмица – 13, Свети Николе – 12, Кичево – 8, Гевгелија и Валандово – по 6, Пробиштип – 5, Берово– 4, Богданци и Кратово – по 3, Македонски Брод – 2 и по 1 од Струга, Неготино, Ресен, Радовиш, Виница, Крушево и Демир Хисар.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 150.588, бројката на оздравени пациенти е 129.053, на починати е 4.677, а бројот на активни случаи изнесува 16.858“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјаvа се направени вкупно 709.457 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.362 тестови.