Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 3 лица. Починало по едно починато лице од Скопје (71г), Струмица (82г) и Битола (49г).
Во последните 24 часа потврдени се 119 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 87 случаи во Скопје, Битола – 7, Кавадарци – 6, Куманово – 4, Прилеп – 3, Свети Николе и Македонски Брод – по 2 и по 1 во Охрид, Штип , Струмица, Кочани, Струга, Ресен, Демир Хисар и Демир Капија.
Регистрирани сe 257 оздравени пациенти, односно од Скопје – 117, Битола – 21, Охрид – 19, Прилеп – 17, Куманово – 13, Кавадарци – 11, Валандово – 10, Струмица – 8, Штип – 6, Ресен – 5, Гевгелија, Крива Паланка и Делчево – по 4, Кочани, Виница и Пробиштип – по 3, Македонски Брод, Велес и Кратово – по 2 и по 1 од Струга, Кичево и Неготино.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 223.330, бројот на оздравени пациенти е 210.732, на починати е 7.907, а бројот на активни случаи изнесува 4.691“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 1.576.424 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.324 тестови.