Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починало 31 лице.
Починале 9 лица од Скопје (42г, 64г, 68г, 68г, 72г, 73г, 77г, 77г, 86г), 4 починати лица од Тетово (66г, 73г, 75г, 78г), 3 починати лица од Велес (64г, 72г, 73г), по 2 починати лица од Битола (43г, 68г), Охрид (45г, 87г), Струга (54г, 64г) и Берово (43г, 82г) и по 1 починато лице од Куманово (59г), Прилеп (70г), Кавадарци (82г), Кочани (63г), Радовиш (60г), Виница (67г) и Пробиштип (71г). Од починатите, 28 лица починале во болнички, а 3 во домашни услови.
Во последните 24 часа се потврдени 67 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 28 случаи во Скопје, 8 во Куманово, по 4 во Гостивар и Охрид, по три во Прилеп, Тетово, Битола, Кавадарци и Штип, по 2 во Струга, Кичево и Ресен и по 1 во Свети Николе и Кратово.
Регистрирани се 782 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 267, Струмица – 151, Кавадарци – 54, Прилеп – 43, Битола – 40, Куманово -29, Валандово – 23, Штип – 22, Неготино – 15, Велес и Охрид – по 14, Кочани – 13, Крива Паланка – 12, Виница – 11, Тетово и Гевгелија – по 9, Свети Николе и Делчево – по 8, Гостивар – 7, Кичево и Пробиштип – по 5, Демир Капија – 4, Радовиш, Крушево и Македонска Каменица – по 3, Богданци и Кратово – по 2 и по 1 од Струга, Ресен, Берово, Македонски Брод, Пехчево и Дојран.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.814, бројката на оздравени пациенти е 134.653, на починати е 4.992, а бројот на активни случаи изнесува 13.169“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 726.409 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 1.169 тестови.