Министерството за здравство (МЗ) вечерва информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починало 21 лице. Починале 6 лица од Скопје (62г, 70г, 73г, 83г, 84г и 85г), 5 лица од Куманово (65г, 67г, 72г,81г и 85г), 3 лица од Битола (70г, 80г и 89г), 2 лица од Охрид (53г и 62г), по едно од Прилеп (85г), Радовиш (81г), Виница (61г), Македонска Каменица (83г) и Неготино (62г).
„Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 10 починати лица, Скопје (3), Битола (2), Охрид (2), Делчево (1), Гевгелија (1) и Кичево (1). Починатите се на возраст од 63г до 86г. Од пријавените лица, 2 се починати во болнички услови и 8 лица се починати во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 03.02.2021 – 10.02.2022г“, се вели во соопштението на МЗ.
Од вкупниот број починати лица – 31, 9 лица се целосно вакцинирани, а кај 30 лица се регистрирани коморбидитети.
Во последните 24 часа потврдени се 1.222 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 649 случаи на Ковид-19 во Скопје, Битола – 61, Тетово – 56, Куманово – 55, Велес – 50, Кавадарци – 49, Гостивар и Прилеп – по 35, Струмица – 34, Охрид – 26, Штип – 20, Неготино – 19, Кочани – 18, Струга – 16 и по 14 во Кичево и Гевгелија.
Потоа, регистрирани се 12 случаи на Ковид-19 во Радовиш, Крива Паланка – 9, Македонски Брод и Делчево – по 6, Берово, Ресен, Свети Николе и Валандово – по 5, Богданци и Дебар – по 4, Демир Хисар и Виница – по 3 и по 1 во Дојран, Кратово, Пробиштип и Демир Капија.
Од вкупниот број позитивни – 1.222, регистрирани се 157 реинфекции.
Регистрирани сe 1.502 оздравени пациенти, односно од Скопје – 862, Битола – 118, Куманово – 78, Кавадарци – 54, Тетово – 51, Велес – 49, Струмица – 40, Гостивар – 33, Кочани – 31, Штип – 24, Кичево – 20, Неготино – 17, Прилеп, Свети Николе и Делчево – по 14, Охрид и Радовиш – по 10, Гевгелија и Ресен – по 9, Богданци – 8, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 6, Крива Паланка и Кратово – по 5, Валандово – 4, Струга и Виница – по 3 и по 1 од Берово, Пробиштип, Македонски Брод, Демир Капија и Дојран.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 286.096, бројот на оздравени пациенти е 265.945, на починати е 8.736, а бројот на активни случаи изнесува 11.415“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 1.842.926 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 4.342 тестови.