Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починало 31 лице. Од пријавените, 27 починале во болнички , а 4 во домашни услови.
Починале 9 лица од Скопје (86г, 78г, 75г, 71г, 70г, 65г, 59г, 56г и 46г), 6 лица од Гостивар (83г, 73г, 71г, 65г, 65г и 60г), по 3 починати лица од Тетово (68г, 67г и 62г), Куманово (84г, 78г и 72г) и Струмица (72г, 68г и 54г), 2 лица од Кичево (55г и 49г) и по едно починато лице од Битола (81г), Велес (76г), Гевгелија (18г), Дебар (62г) и Македонски Брод (38г).
Во последните 24 часа се потврдени 256 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 160 случаи во Скопје, Куманово – 32, Прилеп – 9, Охрид – 8, Кавадарци, Струмица и Струга – по 6, Битола и Ресен – по 5, Крива Паланка – 4, Велес – 3, Тетово, Гостивар и Кичево – по 2 и по 1 во Штип, Свети Николе, Дебар, Радовиш, Кратово и Македонски Брод.
Регистрирани сe и 545 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 172, Тетово – 171, Гостивар – 50, Кавадарци – 18, Кичево – 16, Прилеп и Битола – по 12, Струмица, Штип и Свети Николе – по 10, Ресен – 8, Крива Паланка – 6, Велес, Радовиш, Делчево и Кратово – по 5, Пробиштип и Македонски Брод – по 4, Неготино и Берово – по 3, Охрид, Струга, Кочани, Гевгелија, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 2 и по 1 во Виница и Валандово.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 181.875, бројката на оздравени пациенти е 162.060, на починати е 6.184, а бројот на активни случаи изнесува 13.631“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 1.206.597 тестирање на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.778 тестови.