Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 34 лица. Починале 15 лица од Скопје (54г, 56г, 60г, 60г, 63г, 63г, 67г, 67г 68г, 69г, 69г, 71г, 76г, 76г и 80г), 5 лица од Прилеп (62г, 64г, 70г, 85г и 87г), по 2 починати лица од Куманово (74г и 83г), Битола (59г и 75г), Штип (68г, 77г), Кочани (66г и 81г) и Кичево (66г и 68г) и по едно лице од Велес (76г), Охрид (42г), Неготино (58г) и Свети Николе (68г).
Од МЗ исто така информираа дека во последните 24 часа се потврдени 193 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 110 случаи во Скопје, 16 во Прилеп, 15 во Кавадарци, 12 во Куманово, 9 во Штип, 7 во Тетово, по 4 во Кочани и Кичево, 3 во Велес, по 2 во Битола, Струга и Дебар и по 1 во Охрид, Струмица, Неготино, Гевгелија, Свети Николе, Валандово и Македонски Брод.
Регистрирани се 1.014 оздравени пациенти, односно, од Скопје – 427, Охрид – 62, Прилеп – 59, Битола – 58, Кавадарци – 52, Куманово – 42, Велес – 40, Гевгелија – 35, Гостивар – 29, Струмица – 27, Кочани – 20, Тетово – 19, Штип – 18, Валандово и Берово – по 14, Кичево и Свети Николе – по 12, Македонски Брод – 11, Неготино – 8, Крушево – 7, Струга, Делчево, Пробиштип и Богданци – по 6, Радовиш – 5, Ресен и Демир Капија – по 4, Крива Паланка, Демир Хисар, Кратово и Пехчево – по 2 и по 1 од Виница, Македонска Каменица и Дојран.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 142.034, бројката на оздравени пациенти е 117.794, на починати е 4.262, а бројот на активни случаи изнесува 19.978“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 670.333 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 1.192 тестови.