Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие биле потврдени 355 нови случаи на Ковид-19.
Регистрирани се 156 случаи во Скопје, Охрид – 32, Битола – 29, Кавадарци – 28, Куманово – 19, Велес – 18, Прилеп – 10, Тетово – 9, Струмица и Кочани – по 6, Гостивар – 5, Штип, Гевгелија, Неготино, Радовиш и Валандово – по 4, Струга – 3, Крива Паланка, Делчево, Дебар, Пробиштип, Богданци и Кратово – по 2 и по 1 во Ресен и Свети Николе.
Од вкупниот број позитивни – 355, регистрирани се 89 реинфекции.
„Во текот на изминатите 24 часа пријавено е едно починато лице од Скопје (75г), починат во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирано е едно починато лице од Струга (78г), починат во домашни услови на ден 30.06.2022“, соопштија од МЗ.
Регистрирани сe 145 оздравени пациенти, односно од Скопје – 86, Кавадарци – 12, Куманово – 9, Битола, Прилеп, Гостивар и Штип – по 6, Велес – 5, Кичево – 4, Струмица – 2 и по 1 од Тетово, Гевгелија и Неготино.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 315.402, бројот на оздравени пациенти е 304.599, на починати е 9.329, а бројот на активни случаи изнесува 1.474“, се додава во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 2.087.721 тестирања на КОВИД-19, а во изминатото деноноќие се направени 1.129 тестови.