Во здравствените институции во Штип, Гостивар, Прилеп, Струмица и Кичево од утре ќе се врши тетсирање за корона вирус со брзи антигенски тестови, соопштија од Министерството за здравство.
Од Министерството додаваат дека лаборанти од овие установи минатата недела биле на обука во Скопје, а во текот на неделата ќе продолжат обуките на лаборанти од други градови низ државата, за што побрзо брзите тестови да бидат на располагање на матичните лекари на територија на цела држава.
„Брз тест може да закаже единствено матичен лекар и тоа доколку пациентот го исполнува алгоритмот односно има симптоми на вирусот Ковид 19, не повеќе од 5 дена. Алгоритмот за брзо теситарање е од Свестката здравствена организација, а матичниот лекар по земената анамнеза на пациентот одлучува дали истиот ќе се тетсира со ПЦР тетс или антигенски – брз тест“, велат од Министерството за здравство.
Изминатива недела во Скопје, на шесте пункта во поликлиниките во Чаир, Чето, Ѓорче Петров, Бит Пазар, Млин Балкан и Јане Сандански, направени се 1.138 тестови, од кои 398 биле ковид позитивни.
* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.