Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во последните 24 часа се потврдени 4 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 3 случаи во Скопје и 1 во Битола.
Регистрирани се 11 оздравени пациенти, односно, од Куманово – 4, Скопје – 3 и по 1 од Крива Паланка, Струга, Гевгелија и Радовиш.
Од МЗ исто така информираа дека во изминатото деноноќие не се регистрирани починати лица од Ковид-19.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.673, бројката на оздравени пациенти е 149.961, на починати е 5.484, а бројот на активни случаи изнесува 228“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 872.894 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.514 тестови.