Министерството за здравство (МЗ) информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 7.932 тестирања, а регистриран е 1.171 нов случај на КОВИД-19.
Истовремено, регистрирани сe 204 оздравени пациенти и 6 починати лица. 4 починати лица од Скопје (69г, 77г, 84г и 91г) и по едно починато лице од Битола (78г) и Валандово (77г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
„Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 4 лица, по едно лице од Кичево, Гостивар, Тетово и Куманово, починати во период од 16.12.2021 до 05.01.2022г. Починатите се на возраст од 48 години до 83 години. Од пријавените 2 лица се починати во болнички услови и 2 во домашни услови“, информира министерството.
Досега во земјата се направени вкупно 1.641.868 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 231.436, бројот на оздравени пациенти е 214.258, на починати е 8.012, а бројот на активни случаи изнесува 9.166.