Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСП) информира дека е прекинат прагот на алармирање за високо загадување на воздухот во Скопје и Струмица и со тоа се прекинуваат мерките и препораките за надминат праг.
„Согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на ден 04.01.2024, среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 mg/m3 и епизодата со надминување на прагот на алармирање за РМ10 честички е прекината во Скопје и Струмица“, се вели во соопштението.
Владата на 27 декември 2023 година препорача низа мерки за справување со загадувањето на воздухот меѓу кои и ослободување од работа на бремените жени и лицата постари од 60 години како и реорганизирање на работното време на лицата кои работат на отворено од 11 до 17 часот и Владата да ги задолжи државните органи за 50% да ја намалат употребата на службените возила
Мерките во Скопје стапија на сила на 28 декември, а во Струмица на 3 декември.
Вклучен „црвениот аларм“ за Скопје, МЖСПП објави препораки против аерозагадувањето