Од денеска на јавноста ѝ е достапен дигитален регистар на субјектите што поседуваат А и Б интегрирани дозволи во Северна Македонија, а податоците се дигитализирани, мапирани и дополнети со податоци за субјектот, информираше Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).
Оттаму најавија дека од наредната недела ќе бидат достапни и податоците за мапираните јавни објекти што користат нееколошки енергенси за затоплување.
Платформата е достапна на македонски, албански и англиски јазик.