Македонските и српските граѓани, споредено со четирите држави од Јадранскиот регион, интернетот најмногу го користат за следење дневни вести, потоа за прегледување на социјалните мрежи и за употреба на електронските пошти.
Ова се посочува во резултатите од истражувањето за употребата на интернетот, кое го спровел Институтот за истражување на пазарот и медиумите Медиана.
Според анализата, во Хрватска и во Словенија интернетот исто така најмногу се употребува за следење дневни вести, но на второ место е употребата на електронската пошта, а на трето место следење временска прогноза.
Во сите држави најмногу се следат интернет страниците на дневните весници, по што следат слушањето радио и гледањето телевизија. Инаку интернет најмногу се користи во Словенија (78 проценти). Хрватска е на второ место со 67 проценти, по што следат Македонија и Србија со 63 проценти.
Извор: Business.hr, Фактор.мк