Кога во некои европски земји во невработеноста кај младите е над 55 проценти, како на пример во Грција (64,9 проценти) или Шпанија (56,1 проценти), главниот проблем не е економијата туку образовниот систем. Ова беше главната тема на еден од семинарите на годишниот European Forum Alpabch.
Според Хајнц Ј. Бекер, член на Европската народна партија, недостатокот на работни места не е само економски проблем, туку и огромен општествен проблем.
„Сите ние учевме на училиште дека токму состојбата со невработеноста е една од причините за успехот на Хитлер”, забележува Бекер и додава дека сега процентот на млади луѓе без работа е дури и повисок од тој период.
Прашањето за образованието е важно за иднината на европската демократија, бидејќи ситуација како онаа која сега живееме само им дава поддршка на популистичките партии, смета тој.
Според предавачот, решението за овој проблем не може да биде во зголемувањето на бројот на дипломирани студенти, туку во создавање систем за квалитетно образование што кој ќе им овозможи на студентите, кои завршуваат средно училиште, да ги комбинираат практичната работа и студиите. Тренинзите и обуките се посочуваат како клучни за создавање можности за работа во Европа, особено кај големиот број дипломирани луѓе.
Во Шпанија 40,6 отсто од населението имаат дипломи. Овој процент е повисок од просекот на Европа Унија (34,4 проценти) и е многу блиску до Холандија (41,7 отсто). Сепак, Шпанија нема квалификувани работници, бидејќи поголемиот дел од обучените работници имаат универзитетска диплома, покажува статистиката.
За Бекер, главниот начин да се реши проблемот на невработеноста е младите да се фокусираат на зголемување на стручното и да се создаде систем кој му овозможува на приватниот сектор да вработува студенти.
„Повеќето студенти ја примаат пораката дека само академската кариера може да биде успешна, но тоа е сосема погрешно. Анкетите покажуваат дека стручните професионалци имаат високи приходи, повисоки од оние на повеќето дипломирани студенти“, вели Бекер.