Со поставување на рампи ќе им се олесни пристапот на лицата со хендикеп кои студираат на Шумарскиот факултет, Факултетот за земјоделски науки и храна, Факултетот за ветеринарна медицина, на факултетот и деканатот и на Природно-математичкиот факултет.
За овој проект универзитетот “Свети Кирил и Методиј“ издвои околу осум милиони денари (130.000 евра).
Покрај овие четири, рампи ќе бидат поставени и на Архитектонски, Градежен, Медицински факултет, деканат и факултет, Медицински факултет-судска медицина, Машински факултет, Факултет за електротехника и информациски технологии, Педагошки факултет-главен влез и Педагошки факултет. Изградбата на рампите на првите четири факултети, според рокот е предвидено да заврши за четири месеци.