Од 28 до 30 октомври, во Hub Skopje, по шести пат оваа година ќе се одржува Startup Weekend Skopje.
Startup Weekend Skopje е 54 часовен глобален настан, каде програмери, менаџери, студенти, маркетинг експерти и млади и амбициозни претприемачи заедно споделуваат идеи, формираат тимови, создаваат продукти и формираат стартапи.
Во тридневниот настан учесниците ќе имаат можност да ги презентираат нивните иновативни идеи, да состават тим и добијат интересни награди, вклучувајќи можност за финансирање од најдобрите бизнис акселератори во Македонија и пошироко.
Учесниците ќе добијат единствена шанса да бидат обучени од најдобрите претприемачи, маркетинг експерти, стартап ветерани и бизнис програмери за тоа како најдобро, брзо и ефективно да ги претстават своите идеи на инвеститори и клиенти, како и од едноставна едеја да создадат успешен бизнис. Ветуваме многу интересни гости од Македонија и од странство кои ќе ја збогатат листата на експерти која досега ја имаме“, велат од SW Skopje.
Инаку, во глобални бројки, Startup Weekend значи 1500+ настани, 660+ градови, 120+ земји, просечно 85 учесници на настан, со максимален капацитет од 125, и просечно 10 нови вложувања.
Изминатите две години во Скопје имаше 210+ учесници и 50+ ментори и судии од Бугарија, Хрватска, САД, Естонија, Србија, Македонија, Словенија, Австрија. Притоа, имаше и 3 успешни старап приказни Buzz, Brainster.co, Vozime.mk.