Рускиот центар во Скопје организира виртуелна дружба со цел да ја запознае јавноста со Ѕвездениот град.
„Ќе ви покажеме каде живеат и каде работат космонаутите, како изгледаат вселенските бродови, што јадат луѓето додека се во космосот“, стои во најавата за настанот.
Настанот ќе се одржи утре (петок) преку платформата Зум, со почеток во 19 часот.
Ѕвездениот град претставува руски военоистражувачки и обучен центар кој се наоѓа околу 32 км североисточно од Москва, Русија. Започнувајќи од почетокот на шеесетите години од минатиот век космунаутите живеат и се обучуваат во него, поточно во Центарот за подготовка на космонаути кој го носи името на Јуриј Гагарин.