Вработен во Твитер вчера, на последниот негов работен ден во компанијата, го деактивираше профилот на американскиот претседател Доналд Трамп.
Со овој потег на вработениот, профилот на Трамп бил изгасен 11 минути.
За време на овој период, секој што сакал да го посети профилот на претседателот ја читал пораката „Се извинуваме, оваа страница не постои!“
Од Твитер соопштиле дека станува збор за „човечка грешка од вработени во Твитер“.
„Ние продолжуваме да истражуваме и преземаме чекори да го спречиме ова да се случува понатаму“, се вели во нивното соопштение.
Но, потоа тие открија дека всушност станува збор за лице кое го направило тоа на последниот работен ден.