„На пример“ – промоција на фанзин, концерти и печатење во живо во „Ла кања“

„На пример“ е фанзин кој го доживува своето 7-мо издание под број 6, со цртежи од 60 автори и гурање на тема „Животот е тежок, ама ќе помине“.

„Партизанска штампа“ заедно со другарите, уметниците и гостите ќе го промовираат денес и утре во „Ла кања“, и тоа два дена ќе ја прават големата.

„Музика, тупани и печатење во живо, да не речете не сте знаеле, сте немале време, сте биле уморни или безволни. Ќе ви помине“, велат тие.

Заедно со печатењето во живо и промоцијата на фанзинот, денес (среда, 23 октомври) е најавен и „Еритра“, бенд на контрасти. Бендот го разгледува судирот на топлиот душевен здив со студениот налет на свемирот.

„Која е нивната внатрешност на умот и сето она кое свесноста овозможува да се искуси?“, стои во најавата.

Исто така ќе настапува „Калико“ – со волја и сила за повторно свирење во живо.

„Оддржете го залетот и дојдете. Ве чекаме таму и очекуваме да ни се пофалите со вашата Калико запалка од Калико за луѓето кои ги слушнале Калико! со љубов, Калико Bis bald!!“, соопштуваат иницијаторите на настанот.

И утре (четврток, 24 октомври) ќе има музика. Обидувајќи се да ги озвучи резонантите на просторот, формирани од нивната архитектонска сингуларност, „Антез“ создава акустични звуци со перкусивни инструметни преку активна употреба на телото и просторот.

„Овие звуци имаат невообичаена сонична структура и не се придржуваат на традиционалната употреба на инстументите. Тестирајќи ги границите на перцептивното од инфра до ултрасонични преку микровибрации се вгнездуваат во интимноста на материјата предизвикувајќи чувство на ограниченост и претерување, нуркање и бесконечност. Ова не е ниту концерт, ниту перфроманс, не е дрон музика, ниту современ или модерен циркус или кореографија, не е сатанистички ритуал, можеби е сите „НЕ“ и затоа е отаде вашето расудување“, се вели во најавата.

Гуратор е Креативен викенд Лазарополе. Менагер – Иво Николовски, а фанзинот го издава „Партизанска штампа“.

Автори се: Атанас Ботев, Ања Дамјановски, Билјана Мишиќ, Никола Темков, Милош Томиќ, Сандра Никчевска, Драгана Дубљевиќ, Горан Дачев, Бранкица Јордановска, Марија Васиљев, Уна Николовска, Владимир Лукаш, Наташа Неделкова, Селман Тртовац, Вук Видор, Јана Манева Чупоска, Дам Дам Дамјан Добрила, Игор Станглицки, Даниел Ковач, Искра Трајчева, Берт Стајн, Михајло Станисавац, Александар Зограф, Госи етц, Данило Милошев – Восток, Јелена Белиќ, Стефан Алијевиќ, Марко Печеновиќ, Атанасија Гулевска, Илина Ѓорѓиевска, Ана Ивановска, Александар Дениќ, Божа Терзиќ, Будимка Поповска, Виктор Танасковски, Ѓорѓи Крстевски, Ѓорѓе Јовановиќ, Гребо Греј, Дамир Дамир, Дејан Мариќ, Драгана Николиќ, Елена Митреска, Јован Ламбески, Ива Јованова, Иван Ивановски, Игор Станоески, Илија Маџаров, Мила Тамарис, Милица Мацановиќ, Миле Ничевски, Мирослав Лазендиќ, Невена Алексиќ, Никола Чучковиќ, Оливера Протиќ, Сали Ертунч,, Стефан Младеновски, Тони Димитров, Углеша Чолиќ, Јован Гаковски, Доротеј Нешовски, Александар Несторовски, Бузукије Дунавски, Ана Трајковска, Марија Ива Гоциќ и Горан Гоциќ, Ненад Јолдески, Јоана Ристеска.