Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
Младиот македонски бенд „Red18“ првпат имавме прилика да го слушнеме во живо оваа година. По неколку свирки со албумот „Red18’s Grit“, месецов го објави и синглот „Единствен“ како најава за новото продолжено издание „Игра“ што може да го очекуваме во периодот пред нас.
Зад името „Red18“ се потпишуваат вокалистката Елена Манева, тапанарот Иван Димишков – Димиш гитаристот Јован Чифлигаровски и басистот Александар Коцевски. Во овој состав досега ги имаме слушано на годинешниот „Д Фестивал“, на неколку свирки низ Скопје и Тетово, а во октомври гостуваа и надвор, на првата музичка конференција „SoAlive“ во Бугарија.
„Со Димиш се знаеме одамна, имавме свирено и претходно заедно и знаев дека многу го слуша бендот ‘Paramore’ и кога се запознав со Елена ми кажа дека и таа ги сака ‘Paramore’, си имаше пуштено песна нивна и си пееше така. Јас бев како: ‘супер пееш, зошто да не се собереме, да направиме некој бенд?’“, се присетува Јован додека седиме во собата полна инструменти каде оттогаш прават проби. Прво како бендот „Decoy“ со кој правеле и сѐ уште понекогаш прават трибјут настапи на „Paramore, а денес и како „Red18“.
„Првите проби беа смешки, како и секој друг бенд, не се ни познававме доволно меѓу себе, искрено само јас со Димиш се знаев, Димиш со Аце, лично индивидуално се знаевме сите, но вака групно не“, вели Јован. „Бев четврта година средно и многу затворена во себе“, се надоврзува Елена, „Но помина доста време и мислам дека сега сите ми се другари. Уште сум така интровертна, но не толку. Внимателно ги одбирам луѓето околу мене и мило ми е што денес ова е мојот бенд“, раскажува младата вокалистка.
Она што ги споило е скорешното патување во Софија за настапот на „SoAlive“ каде покрај свирење се запознале со многу „колеги“ – млади артисти од европската сцена и со странска публика.
„Запознавме многу кул луѓе, ја видовме Aiko, пејачка од Чешка што мислам дека ќе ги претставува на Евровизија следната година. Се вљубивме во нејзината музика, почнавме да ги слушаме сите други што ги видовме таму. Зборувавме и со Дејвид Фрик кој е уредник во списанието Ролинг Стоунс. И бевме на негово предавање, имавме чест да го гледаме, а го викнавме и на наша свирка и дојде што многу ни значеше“, раскажува Елена.
Нешто подоцна од настапот таму, на ритам гитара им се приклучува Павел Петковски.
„Досега не сум бил во активен бенд со авторска музика, така да за мене сето ова е ново, специфично“, ни откри тој.
Всушност сите се чувствуваат „нови“ во ова што го прават заедно, па оттаму не сакаат да се ограничат на еден музички жанр, туку преферираат мешање на различните стилови музика што ги слушаат приватно.
„Сакаме да експериментираме, да најдеме наш звук, да видиме што ни лежи најмногу“, вели Јован, на што му се надоврзува Александар, „од кај знаеме што сакаме да направиме, ние може и самба ќе правиме, може албум на италијански ќе извадиме“.
Последниот сингл „Единствен“ им е прв на македонски јазик, што како што вели Димиш, е остварување на почетната идеја – да прават авторска музика на македонски.
„Јас и Јован ги пишуваме песните. За првиот албум јас напишав четири и Јован три, и јас цело време вадам од стари песни што сум пишувала во белешки или во тетратки и често пишувам на англиски дека така и навикната сум. Плус, цело време слушам англиска музика. Всушност, не почнав да слушам македонска музика се додека не го запознав Јован, што е лошо. Ама сега слушам цело време, нови песни, нови бендови и учам од нив и да пишувам и да пеам и така уште се учам да пишувам на македонски“, раскажува Елена.
Сите се согласуваат дека штом го објавиле албумот веднаш добиле критики од типот „Еј, супер е..но зошто на англиски“, што на некој начин им предизвикало фрустрација.
„Никој не рече дека ние нема да направиме музика на македонски, само ете сега сакавме на англиски. Во тоа треба да е уметничката слобода“, посочува Димиш.
„Секогаш подобро ќе звучи на твојот мајчин јазик, секако дека навикнати сме на тоа бидејќи ти фаќа уво. Еве ‘Манескин’ почнаа да прават музика на италијански и сега се фатија да прават музика на англиски заради популарност. Ама секогаш подобро ќе звучи на својот јазик“, додава Елена.
Творењето на англиски од друга страна, како што велат, „ги отвора вратите“ за надвор и полесно е да допрат до странска публика која се наоѓа од другата страна на стриминг платформите, па така забележуваат слушатели дури од Мексико, или на пример од Германија. Сепак, тоа што се достапни во светот преку интернет, не одзема од товарот што, како што велат, виси над младите музичари кај нас.
Најпрво, велат тие, тоа се должи на дигитализирањето на музиката по што таа сѐ повеќе ја губи својата „религиозна вредност“.
„Музиката некогаш била конзумирана многу посериозно. Имало луѓе на кои слушањето музика им било хоби, мислам дека тоа веќе го нема денес. Ако не си музичар, не слушаш баш музика. Луѓе дома седнувале и пуштале музика на звучници и навистина слушале, ја анализирале…мислам дека тоа се должи и на тоа што плаќале за неа. Ако сега јас одам и за 10 евра земам некој плоча од бенд, јас морам да ја ислушам цела, што се вели да не работи веќе од преслушување“, вели низ смеа Јован.
Според него ова влијае и на тоа што денес се губи навиката за слушање албуми. И самите, како што раскажува, го почувствуале тоа со првиот албум.
„Се гледа многу јасно разликата – популарност и слушаност на албумот има огромна разлика со слушаноста што ја има еден сингл. И ние буквално фрливме три-четири песни што беа на албумот, само затоа што се на албум и луѓе не ги слушаат исто. А има зошто се прави албум, сѐ е поетски сврзано таму и треба да се спои во некое патување кое некој ќе го изоди. Ама, луѓето немаат физички допир со музиката, не знам кога последно сум фатил ЦД во рака, а константно слушам музика“, додава младиот гитарист.
Истовремено вели Димиш, денес секој може да прави музика, па додава „било кој може да стане некој и нешто, а порано тие што стварно знаеле да прават музика станувале некој и нешто“.
„Ама и тие што не знаеле да прават музика, ќе направат нешто добро, ќе се појават. Повеќето од овие славни музичари не знаат ништо од музичката теорија. Едноставно, да се надоврзам, целото тоа со стримингот – нема пари во музиката, тоа што нема пари е бидејќи луѓе не се замараат, не плаќаат, а може да слушаат што сакаат – цел интернет им е достапен“, вели Александар.
Сепак, сите се на ставот дека ниту има пари, ниту тоа треба да биде примарната цел за музичарење. Како што велат музиката од уметност се претвора во бизнис што создава нов проблем и ги врзува уметниците.
„Луѓе земаат 30.000 евра од Министерство за култура за снимање спот. И во Лос Анџелес да го снимаш нема да те кошта толку. Музика е такво нешто што го споделуваш со луѓе, за тоа е направена, затоа е уметноста – за да ја споделиш со некој, за да искажеш чувства и емоции“, смета Јован.
Друг предизвик е тоа што се случува фестивали или други организации да не плаќаат млади музичари за настап.
„Ние трошиме доволно за да купиме опрема, да дојдеме со гориво на проба, да ја однесеме опремата таму каде што свириме“, вели Димиш.
Според Јован, музичарите кај нас најмногу патат од стресот пред настап поради технички причини.
„Кога има фестивал меѓу секој бенд има пауза од 10 до 15 минути што е скоро неизводливо. Секој бенд свири повеќе, за што не се замера, туку стресот паѓа на оние што се следни и кои треба да се наместат набрзина и после да свират, што е тотално нефер. Не можеш да дојдеш опуштен, да се наместиш раат, па да си одиш, туку и кога ќе завршиш пак треба да минуваш низ тоа“, вели Јован.
За споредба го земаат искуството на музичката конференција „SoAlive“ каде велат имало осет за тоа музичарите да бидат опуштени на сцена.
„Првпат се слушнав како пеам на бина“, вели Елена. „И во сѐ беа точни“, додава Димиш. „А, кај нас некои што со години прават настани ќе ти кажат дојди на тонска во 5 и тонската не почнува до 6“.
И покрај сѐ, овие причини не се доволни за да згасне еден бенд. Напротив, како што велат, разбирањето меѓу нив, заедничките проби…тоа е она што прави да опстанат.
Светла точка гледаат и во публиката и дружбата со другите музичари било од кај нас било од надвор. И тие го потврдуваат она што досега со Радио МОФ го имаат споделено други млади бендови, а го имаме и видено – меѓусебна поддршка. Па така, на свирка на „Red18“ може да ги видите „Луфтханза“ или „Занаду“ или „Кем“. Она што дополнително ги радува се и „странците во публика“.
„Сите маки што ќе ги направиш, на крај вреди барем една свирка и неколку луѓе кои ќе ги видиш го слушаат – тоа е тоа“, вели Јован. „Најубаво чувство е кога ќе видиш некој странец на свирка во публика“, додава Александар.
Тие се на ставот дека не постои стереотипот дека публиката во Македонија се разликува од надвор.
„Ептен ми се свиѓа како публиката ја прима нашата музика. На пример на ‘Д Фест’ имаше група луѓе што сакаа да се сликам со нив…прво мислев сакаа да ги сликам нив. Ме изненадува што воопшто нѐ слушаат луѓе“, вели Елена.
„Тоа уствари ти дава надеж за сѐ. На тој степен кај што сме сега, двајца луѓе навистина да те слушнат и да те разберат ти значи сѐ на светот. Нов слушател е целта на секој музичар, да достигне до нови луѓе“, се согласува Јован.
Додека се наближуваше времето за проба и се движевме кон крајот на муабетот ми открија дека имаат надеж во новото ЕР – „Игра“.
„Во овој албум сите се вклучивме и сметаме дека песниве вредат да стигнат до уво“, вели Јован.
Песните може да ги очекуваме набрзо, ќе излегуваат како синглови со спот. Всушност следната можно е да се појави во јануари, а дотогаш може да ја слушнете „Единствен“ и секако да го преслушате првиот албум на Спотифај и на Јутјуб.
Ангела Бошкоска
-
Në provë te “Red18”: Edhe po të dëgjojnë dy njerëz dhe të të kuptojnë, vlen gjithçka në botë
Bendin e ri maqedonas “Red18” kishim mundësi ta dëgjojmë për herë të parë live këtë vit. Pas disa performancave me albumin “Red18’s Grit”, këtë muaj publikoi edhe këngën “I vetmi”, si paralajmërim për vazhdimin e ri të publikimit “Lojë” që mund ta presim në periudhën vijuese.
Pas emrit “Red18” nënshkruhen vokalistja Elena Maneva, bateristi Ivan Dimishkov – Dimish, kitaristi Jovan Çifligarovski dhe basisti Aleksandar Koceski. Në këtë përbërje deri më tani e kemi dëgjuar në festivalin vjetor “D Festival”, në disa performanca nëpër Shkup dhe Tetovë, ndërsa në tetor morën pjesë edhe jashtë vendit, në konferencën e parë vjetore “SoAlive” në Bullgari.
“Me Dimishin njihemi që moti, kemi kënduar dhe më herët së bashku dhe e dija se e dëgjon shumë bendin “Paramore” dhe kur u njoha me Elenën më tregoi se edhe ajo i pëlqen “Paramore”, kishte lëshuar një këngë të tyren dhe ashtu këndova. Reagimi im ishte: “këndon shumë mirë, pse të mos mblidhemi, të bëjmë ndonjë bend”, i kujtohet Jovanit derisa rrimë në dhomën e mbushur me instrumente, ku prej atëherë bëjnë prova. Fillimisht si bendi “Decoy” me të cilin kanë bërë dhe ende ndonjëherë bëjnë performansa tribute të “Paramore” edhe si Red18”.
“Provat e para ishin qesharake, si edhe çdo bend tjetër, as nuk njiheshim mjaftueshmë mes vete, sinqersiht unë njihesha vetëm me Dimishin, Dimishi me Acen, të gjithë njiheshim personalisht në mënyrë individuale, por në mënyrë grupore jo”, thotë Jovani. “Isha në vitin e katërt në shkollë të mesme dhe shumë e mbyllur në vete”, ndërlidhet Elena, “Por ka kaluar mjaft kohë dhe mendoj se tani të gjithë i kam shokë. Ende jam ashtu introverte, por jo aq. Përzgjedhi me kujdes njerëzit përreth dhe më vjen mirë që ky është bendi im sot”, tregon vokalistja e re.
Ajo që i bëri bashkë, është udhëtimi i fundit në Sofje për performancën “SoAlive” ku përkrah interpetimit, janë njohur me shumë “kolegë” – artist të rinj nga skena evropiane dhe me publikë të huaj.
“Njohëm shumë njerëz të këndshëm, e pamë Aiko-n, një këngëtare nga Çekia që mendoj se do t’i përfaqësojë në Eurovision vitin e ardhshëm. U dashuruam në muzikën e saj, filluam t’i dëgjojmë gjithë të tjerët që i pamë atje. Biseduam edhe me Dejvid Frikin i cili është redaktor në revistën Rolling Stones. Ishim në ligjeratën e tij, kishim nderin ta shohim, ndërsa e ftuam edhe në performacën tonë dhe erdhi, që kishte shumë domethënie për ne”, rrëfen Elena.
Pak më pas performancës atje, Pavel Petrkovksi u bashkangjitet në kitarë ritmike.
“Deri më tani nuk kam qenë në bend aktiv me muzikë autoriale, kështu që për mua e gjithë kjo është e re, specifike”, thotë ai.
Në fakt, të gjithë ndjehen të “ri” në këtë që e bëjnë së bashku, ndaj nuk duan të kufizohen në një zhanër muzikor, por preferojnë përzierje të stileve të ndryshme muzikore që i dëgjojnë privat.
“Duam të eksperimentojmë, të gjejmë tingullin tonë, të shohim çfarë na flen më tepër”, thotë Jovani, me të cilin pajtohet Aleksandri, “prej nga ta dimë çfarë duam të bëjmë, ne mund të bëjmë edhe samba, mudn të publikojmë album në italisht”.
Kënga e fundit “Edinstven (I vetmi)” është e parë në gjuhën maqedonase, që siç thotë Dimishi, është realizim i idesë fillestare – të bëjnë muzikë autoriale në maqedonisht.
“Unë dhe Jovani i shkruajmë këngët. Për albumin e parë unë kam shkruar katër dhe Jovani tre, dhe unë tërë kohën nxjerri nga këngët e vjetra që kam shkruar në shënime apo fletore dhe shpesh shkruajë në anglisht pasi ashtu jamë mësuar. Plus, tërë kohën dëgjojë muzikë angleze. Në fakt, nuk kam filluar të dëgjoj muzikë maqedonase derisa kam njohur Jovanin, që është keq. Por tani dëgjojë tërë kohës këngë të reja, bende të reja dhe mësoj prej tyre edhe të shkruajë edhe të këndojë dhe kështu ende po mësojë të shkruajë në maqedonisht”, thotë Elena.
Të gjithë pajtohen se sapo kanë publikuar albumin kanë marrë menjëherë kritika të llojit “Shumë mirë është.. por pse në anglisht”, që në njëfarë mënyrë u ka shkaktuar frustracion.
“Askush nuk tha se ne nuk do të bëjmë muzikë në maqedonisht, vetëm se ja tani deshëm në anglisht. Këtu duhet të jetë liria artisitke”, thekson Dimishi.
“Çdoherë do të tingëllojë më mirë në gjuhën tënde amtare, kuptohet se jemi të mësuar në atë sepse ta kap veshi. Ja “Maneskin” filluan të bëjnë muzikë në italisht dhe tani filluan të bëjnë muzikë në anglisht për shkak të popullaritetit. Por çdoherë do të tingëllojë më mirë në gjuhën tënde”, shton Elena.
Nga ana tjetër, krijimtaria në anglisht siç thonë, “i hap dyert” për jashtë dhe është më lehtë të arrihet audienca e huaj e cila ndodhet në anën tjetër të platformave të transmetimit, dhe kështu të vërejnë dëgjuesit madje edhe nga Meksila apo për shembull nga Gjermania. Megjithatë, ajo që janë të qasshme përmes internetit në botë, na heq ngarkesën që, siç thonë, e kanë muzikantë e ri te ne.
Fillimisht, thonë ata, ajo i detyrohet digjitalizimit të muzikës pas çka, ajo gjithnjë e më shumë e humb “vlerën religjioze” të saj.
“Muzika më herët ka qenë e konsumuar shumë më seriozisht. Ka pasur njerëz të cilët e kanë pasur hobi dëgjimin e muzikës, mendoj ajo nuk është sot. Nëse nuk je muzikant, nuk dëgjon vërtetë muzikë. Njerëzit janë ulur në shtëpi dhe kanë lëshuar muzikë në altoparlantë dhe me të vërtetë kanë dëgjuar, e kanë analizuar.. mendoj se ajo i detyrohet asaj që kanë paguar për të. Nëse unë tani shkoj dhe blej 10 euro një disk nga një bend, unë duhet ta dëgjojë të tërin, që thonë, sa nuk punon më nga dëgjimi i tepërt”, thotë me nënqeshtje Jovani.
Sipas tij, kjo ndikon edhe në atë që sot humbet shprehia e dëgjimit të albumeve. Edhe vetë, siç tregon, e kanë ndjerë atë me albumin e parë.
“Shihet shumë qartë dallimi – popullaritet i dëgjueshmëria e albumit ka dallim të madh me dëgjueshmërinë që e ka një këngë. Dhe ne tekstualisht kemi hedhur tre-katër këngë që ishin në album, vetëm sepse janë në album dhe njerëzit nuk i dëgjojnë njëjtë. Dhe ka arsye pse bëhet një album, aty gjithçka është e ndërlidhur në mënyrë poetike dhe duhet të bashkohet kur dikush do të shkojë në ndonjë udhëtim. Por, njerëzit nuk kanë kontakt fizik me muzikë, nuk di kur kam marrë për herë të fundit CD në dorë, ndërsa vazhdimisht dëgjojë muzikë”, shton kitaristi i ri.
Njëkohësisht thotë Dimishi, sot gjithkush mund të bëjë muzikë dhe shton “kushdo mund të bëhet dikush dhe diçka, ndërsa më herët ata që me të vërtetë kanë ditur të bëjnë muzikë janë bërë dikush dhe diçka”.
“Por edhe ata që nuk kanë ditur të bëjnë muzikë, do të bëjnë diçka mirë, do të paraqiten. Shumica e këtyre muzikantëve të famshëm nuk dinë asgjë nga teoria muzikore. Thjeshtë, që të ndërlidhem, e gjithë ajo me transmetimin – nuk ka para në muzikë, ajo që nuk ka para është për shkak se njerëzit nuk merren, nuk paguajnë, ndërsa mund të dëgjojnë çfarë duan – e kan në dispozicion gjithë internetin”, thotë Aleksandar.
Megjithatë, të gjithë janë të mendimit se as nuk ka para, as ajo nuk duhet të jetë qëllimi primar për bërjen e muzikës. Siç thonë, muzika nga arti shndërrohet në biznes që krijon problem të ri dhe i lidh artistët.
“Njerëzit marrin 30.000 euro nga Ministria e Kulturës për inçizimin e një klipi. Edhe në Los Angeles ta inçizosh nuk do të kushtojë aq. Muzika është një gjë që e ndan me njerëzit, për atë është bërë, për atë është art – që ta ndash me dike, që të shprehësh ndjenja dhe emocione”, vlerëson Jovani.
Është sfidë tjetër ajo që ndodhë që festivale apo organizata të mos paguajnë muzikantët e ri për performancë.
“Ne harxhojmë mjaft për të blerë pajisje, të vijmë me naftë në provë, të dërgojmë pajisjen aty ku performojmë”, tha Dimish.
Sipas Jovanit, muzikantët te ne vuajnë shumë para performacës nga stresi shkaku arsyeve teknike.
“Kur ka festival, mes çdo bendi ka pauzë prej 10 deri në 15 minuta që është pothuajse e pamundur. Çdo bend luan më shumë, për çka nuk shqetësohet, por stresi bie mbi ata që janë vijues dhe të cilët duhet të vendosen shpejtë dhe më pas të luajnë, që është tërësisht jo fer. Nuk mund të vish i relaksuar, të bëhesh gati qetë dhe të shkosh, por edhe kur të përfundosh duhet të kalosh përsëri nëpër të njëjtën”, tha Jovani.
Ata marrin për krahaim përvojën e konferencës muzikore “SoAlive” ku thonë se e kanë ndjerë atë që muzikantët të jenë të relaksuar në skenë.
“Për herë të parë e dëgjova veten duke kënduar në skenë”, tha Elena. “Dhe në gjithçka ishin të saktë”, shton Dmishi, “Ndërsa te ne disa që me vite bëjnë evente të thonë eja në 5 në tonike dhe tonikja nuk fillon deri në 6”.
Përskaj të gjithave, këto arsye nuk janë të mjaftueshme që të shuhet një bend. Përkundrazi, siç thonë mirëkuptimi mes tyre, provat e përbashkëte.. kjo është ajo që bën të mbijetojnë.
Ata shohin një pikë të ndritshme edhe te publiku dhe shoqërimi me muzikantët tjerë, qoftë prej te ne qoftë prej jashtë. Dhe ata e konfirmojnë atë që deri më tani e kanë ndarë me Radion MOF bendet e tjera të reja, ndërsa edhe e kemi parë – mbështetjen reciproke. Kështu, në një performancë të “Red18” mund t’i shihni “Lufthansa” apo “Zanadu” apo “Kem”. Ajo që i gëzon në mënyrë shtesë janë edhe “të huajt në publikë”.
“Gjithë mundimi që përjeton, në fund vlen të paktën një performancë dhe disa njerëz që do t’i shohësh duke dëgjuar – kjo është ajo”, thotë Jovani. “Ndjenja më e mirë është kur të shohësh ndonjë të huaj në performancë në publikë”, shton Aleksandri.
Ato janë të qëndrimit se nuk ekziston stereotipi se publiku në Maqedoni dallon nga ai i huaj.
“Më pëlqen jashtëzakonisht se si publiku e pranon muzikën tonë. Për shembull në “D Fest” kishte një grup njerëzish që donin të fotografohesha me to… fillimisht mendon se duan t’i fotografojë ato. Më befason që njerëzit nga dëgjojnë fare”, tha Elena.
“Ajo në të vërtetë të jep shpresë për gjtihçka. Në atë shkallë që jemi ne tani, dy njerëz të të dëgjojnë me të vërtetë dhe të të kuptojnë vlen gjithçka në botë. Dëgjuesi i ri është qëllimi i çdo muzikanti, të arrijë deri te njerëzit e ri”, pjatohet Jovani.
Derisa afrohej koha për provë dhe shkonim kah fundi i bisedës, më thanë se kanë shprehë “Loja”-ER të re.
“Të gjithë jemi përfshirë në këtë album dhe vlerësojmë se këngët vlejnë të dëgjohen”, tha Jovani.
Këngët mund t’i presim së shpejti, do të dalin si single me klipe. Në fakt, kënga e ardhshme mund të publikohet në janar, ndërsa deri atëherë mund ta dëgjoni “I vetmi” dhe kuptohet të dëgjoni albumin e parë në Spotify dhe në Youtube.
Ангела Бошкоска