Замокот Госфорд во Северна Ирска, е даден на продажба по почетна цена од 656 452 долари.
Замокот е поевтин од просечната цена на становите во Менхетен, кои се движат околу 916 000 долари.
Најголемиот замок во Северна Ирска, служи како замок на семејството Тали во серијата „Игра на троновите“. Дел од екстериерот го претставуваше замокот на Риверан.
Замокот, во неоромански стил, е дизајниран од архитектот Томас Хопер. До 1921 година, тој бил дом на грофовите од Госфард.
За време на Втората светска војна, замокот служел за сместување на сојузничките војски и како притвор.
Последниот сопственик го преуредил замокот во луксузен објект.