„На работ на зборовите“ – изложба во EU House – Битола

Јазикот, неговите капацитети и граници се во фокусот на изложбата „На работ на зборовите“, а преку неа, шестмина уметници се претставуваат со свои видувања на зборовите како дел од јазикот, како алатки за комуникација, како средство за образование, но и на комуникацијата која ги надминува зборовите.

Изложбата за јавноста ќе биде отворена на 6 октомври, петок, во битолската EU House.

Со почеток од 13 часот, ќе бидат преставени делата на Славица Јанешлиева, Оливер Мусовиќ, Нехат Бекири, Александра Петрушевска-Ристовска, Анета Попова и Стефан Младеновски, кои ги истражуваат капацитетите и границите на јазикот како средство за изразување.

„Како дел од активностите на Делегацијата на ЕУ за славење на јазикот, особено на македонскиот јазик и литература, оваа изложба ги истражува вербалната комуникација и изразувањето кое ги надминува зборовите, како што е случај со визуелната уметност, како и нашите емотивни врски со зборовите. Универзални теми за сите јазици – без оглед какви гласови или азбука користат“, посочуваат организаторите.