Skype создаде мала, но важна промена што ќе ги направи видео разговорите и повиците повеќе пристапни. Отсега корисниците ќе можат да поканат секој на разговор со праќање на URL адреса, а да не мора нивниот соговорник да ја инсталира апликацијата, или да има профил на Skype.
За да ја добиете URL адресата од разговорот, треба да се притисне на копчето „+New“, од најновата верзија на Skype за Windows, Mac или Web. Кога примачот ќе го отвори линкот, ќе му биде побарано да го внеси неговото име и ќе биде подготвен за разговор.
Процесот е едноставен и овозможува групни разговори, но засега оваа опција е можна само во Велика Британија и Америка. Од компанијата соопштуваат дека за неколку недели ова ќе функционира секаде.