Откако вчера вработен во службата за поддршка на корисници на Твитер, на неговиот последен работен ден, го деактивираше профилот на американскиот претседател Доналд Трамп цели 11 минути, социјалните мрежи се уште не можат да престанат да го коментираат потегот.
По инцидентот, Твитер брзо излезе со соопштение дека прави внатрешна истрага околу настанот.
Трамп е често критикуван што наместо преку пресконференции, за комуницирање со јавноста најчесто го користи својот Твитер профил, на кој често објавува провокации и жестоки критики кон одредени јавни личности или медиуми кои предизвикуваат контроверзии. Тој за деактивирањето напиша: „Изгледа зборовите конечно почнале да се шират и да имаат влијание“.
My Twitter account was taken down for 11 minutes by a rogue employee. I guess the word must finally be getting out-and having an impact.
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) November 3, 2017
Сепак, корисниците на оваа социјална мрежа, гестот на анонимниот човек од Твитер, го оценија како херојско дело, причина за унапредување и дело вредно за нобелова награда или витешка титула.
Твитер корисникот @ElenaBjxrn пишува: „Ве молам, на вработениот во Твитер кој го деактивираше профилот на Доналд Трамп на последниот работен ден, некој нека му даде медал, витешка титула, шампањско и мал тропски остров“.
Please get the departing Twitter employee who deactivated Donald Trump’s account on their last day a medal, a knighthood, a magnum of champagne and a small tropical island.
— misery magnet (@ElenaBjxrn) November 3, 2017
@DavidJollyFL вели: „Само ќе кажам, вработениот во Твитер кој го сруши профилот на Трамп на 11 минути, може да стане кандидат за Нобеловата награда за мир“.
Just gonna say it, the employee at Twitter who shut off Trump’s account for 11 mins could become a candidate for the Nobel Peace Prize.
— David Jolly (@DavidJollyFL) November 3, 2017
@ChrisCaesar напиша: „Само што разбрав за вработениот во Твитер и покрај тоа што не би се расфрлал лесно со фразата „најголемиот херој во историјата“…“.
I just found out about the Twitter employee, and while I don’t throw the phrase “history’s greatest hero” lightly,
— i have died (@ChrisCaesar) November 3, 2017
@PeteBlackburn пиша: „Вие велите „човечка грешка“, јас велам „унапредување“
You say “human error,” I say “due for a promotion” https://t.co/KHDFFUezsL
— Pete Blackburn (@PeteBlackburn) November 3, 2017
Корисникот @DaPeaple напиша: „За вработениот во Твитер кој го деактивираше профилот на Доналд Трамп на последниот работен ден… на здравје“
to the @Twitter employee who deactivated @realDonaldTrump ‘s twitter account on his last day of work at Twitter…cheers pic.twitter.com/HsLXtajzy4
— The WEDA Coalition (@DaPeaple) November 3, 2017
@thenoahkinsey пак смета: На последниот работен ден, вработен во Твитер го деактивираше Доналд Трамп, остварувајќи го најголемото ветување кое Трамп никогаш не успеа: Направи ја Америка повторно голема“.
On his last day of work, a Twitter employee deactivated @realDonaldTrump, honoring a promise Trump never could:
Making America Great Again
— Noah Kinsey (@thenoahkinsey) November 3, 2017
Корисникот @TheMrigankTyagi со поинаков став: „Ја чувам оваа слика од твитер профилот на Трамп како потсетување дека секому може да му се случи сешто, без оглед на тоа колку си моќен“
I’m saving this picture of Trump’s Twitter account as a reminder that anything can happen with anyone no matter how big you are!! pic.twitter.com/09fpkODtM8
— Mrigank Tyagi (@TheMrigankTyagi) November 3, 2017