„На социјалните претприемачи (не) им треба среќа, им треба (и) знаење!“ во петок во „Котур“

„Кој вели дека социјалните претприемачи се безгрешни? И дека социјалното претприемништво е страшно?!“, се вели во најавата за претстојниот настан за социјално претприемништво кој ќе се одржи во петок (13 септември) во 17 часот во кафе и филм „Котур“.

Гости на настанот ќе бидат Александра Бела од УРМА, Кристиан Шопов (Еко-магионичар и Среќотворец) и Магдалена од Лице в лице).

„Во духот на ПЕТОК 13ти ќе зборуваме за (не)среќите со успешни претприемачи, ќе играме игра – Unfortune cookies, ќе го споделиме сетот на алатки за социјални претприемачи кој го подготвивме во рамките на проектот YOU-CAN-BE* и ќе имаме инфосесија за новиот отворен повик за млади претприемачи RISE Journey 5**“, се вели во описот.

Учеството може да се резервира со пријавување на овој формулар.

Настанот се одржува во рамки на проектот „You Can Be“ кој се спроведува од Фондацијата Apprentis d’Auteuil-France (координатор), Vilniaus Kolegija-Литванија, Asociatia Scoala De Valori-Романија, Zaklada Znanje na djelu-Хрватска и Здружение за социјални иновации „АРНО” – С. Македонија.

Проектот е финансиран од Еразмус + програмата на Европската Унија. Во рамки на овој проект се одржаа многу средби и размени и се создадоа неколку прирачници кои можат да послужат на обучувачи, ментори, професори, на самите социјални претприемачи и, секако, на сите наши колеги кои работат на оваа тема.