Меѓународниот филозофски дијалог „Исто – Запад“ оваа година по осми пат ќе се одржи денес и утре (6 и 7 декември) онлајн на платформата Зум.
Темата на годинешниот симпозиум е „Филозофијата и глобалните проблеми“ и на него ќе учествуваат 15 филозофи/истражувачи од Романија, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, САД, Грција и Македонија.
Собирот ќе се одржи во четири сесии, по две дневно, од 10 до 12:30 часот и од 14 до 16:30 часот. За денешните сесии може да се приклучите преку овој линк; пасвордот е 107462, а за утрешните овде; пасворд: 943208.
Работен јазик на симпозиумот е англиски.
Филозофскиот дијалог „Исток – Запад“ е востановен во 2015 година, кога по поттик на британскиот филозоф Стивен Прист, беше организиран првиот тридневен симпозиум на тема: „Наука и религија“. Во наредните години теми на дијалогот беа: „Правото меѓу политиката и етиката“ (2016), „Филозофија на образованието; филозофија во образованието“ (2017), „Биоетиката на крстопат“ (2018), „Кризата на идејата за Европа“ (2019), „Филозофија на меморијата“ (2021), „Наследството на античката филозофија како мост меѓу Исток и Запад“ (2022), и на него досега учествуваа повеќе од 100 учесници од над 20 земји.
Организатори на симпозиумот во Македонија се Центарот за стратегиски истражувања при Македонската наука на науките и уметностите, Меѓународниот славјански универзитет – Свети Николе, Филозофскиот
факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и Филозофското друштво на Македонија.
Повеќе детали за програмата и апстрактите на учесниците можете да најдете на овој линк.