Корисниците на Твитер веќе можат да слушаат музика и други аудио документи доколку кликнат директно на твитовите објавени на социјалната мрежа.
Новата функција Твитер Аудио Кард е направена во партнерство со онлајн услугата на Епл – АјТјунс и стриминг услугата Саундклауд.
Твитер аудио кард може да се користи со мобилни кои работат на Андроид или производи на Епл. Корисникот ќе може да го користи Твитер додека слуша музика од Аудио Кард.