Вкупно 125 вработени во Римокатоличката црква во Германија, вклучително и свештеници, верски учители и вработени во црковната управа, се изјаснија како членови на ЛГБТ заедницата и повикаа на прекин на дискриминацијата, пренесува „Н1“.
Тие сакаат да живеат и работат отворено како геј луѓе во црквата без страв. Вкупно 125 лица бараат промена на црковниот канон за сексуалната ориентација и родовиот идентитет повеќе да не можат да бидат основа за отпуштање.
Исто така, тие бараат и да бидат ревидирани дискриминаторските изјави од црковната доктрина и бараат „целосен пристап до сите активности и занимања во црквата, без дискриминација“.
Ватикан претходно се изјасни дека хомосексуалните партнерства „не одговараат на Божјиот модел“.