Над 15 артисти на финалната вечер на „Таксират“ најавена за 7 декември

Над 15 артисти на две бини во сабота (7 декември) ќе ја заокружат 26. едиција на музичкиот фестивал „Таксират“.

Во Арената „Борис Трајковски“ ќе настапат бендовите „Partibrejkers“, „Elemental“, рап групата „Prti Bee Gee“, електронското дуо „Röyksopp“, артистите Baby Lasagna, Smoke Mardjelano, Ružno pače, Bon Praskiza (MvrSvr), Sexy Marsa (TDFU), Stevie + Rager + Friends, Zhakk/5R + Balu, диџејот OgiPsilon од екипата Sure Shotz и британскиот диџеј Hot Since 82.

Билетите се во продажба на https://mktickets.mk/event/taksirat-2024/. Организатор на фестивалот е „Пасворд продукција“.