Во среда (11 септември)в о организација на здружението Пиволенд и Град Скопје, на старо – новата локација скопското Кале започнува шестото издание на гурманскиот фестивал на пивото, Пиволенд 2013 . Посетителите оваа година ќе имаат можност да дегустираат повеќе од 40 различни видови на пиво од повеќе земји. Покрај домашните пива ексклузивно оваа година “пивопијците” ќе имаат можност за дегустација на повеќе видови на англиско пиво, незаменливите чешки и германски пива, како и повеќе видови на пиво од балканскиот регион.
Во музичкиот дел од програмата на отворањето на фестивалот, покрај веќе најавените изведувачи и диџеи , посетителите ќе имаат можност да го проследат настапот на еден од најдобрите кубански бендови – Habana mix. Бендот е составен од девет членови, меѓу кои и еминентни уметници и универзитетски професори, кои ќе свират музика за која организаторот најавува дека ќе ја разигра и најчуствителната музичка публика.
Најголемиот фестивал на пивото во Скопје ќе се одржи од 11 до 15 септември, под мотото: „Дојди, види, испиј, да го запениме Кале!“