ПИН музичката конференција и шоукејс по 11. пат ќе се одржува од утре (28 ноември) до сабота (30 ноември) во Младинскиот културен центар во Скопје.
Годинава ќе настапат над 50 артисти и музички состави од разни делови од светот кои свират најразлична музика – од колективот „Fulu Miziki“ чиј превод е „музика од ѓубре“ а кои својата музика ја претставуваат како еко-пријатлески-Афро-футуристички панк, преку хардкор метал, до јапонски нео-фолк на „Mitsune“ и техно.
На музичките дискусии ќе учествуваат над 200 делегати од целиот свет. Од „Пасворд продукција“ веќе ја објавија програмата со саатница за панелите и за музичките настапи која може да ги погледнете во продолжение: