Специјална награда за најдобра режија „Златна роза“ освои македонскиот филм „Мејкинг оф“ на режисерот Кузман Кузмановски на шестото издание на Меѓународниот филмски фестивал „Славјанска приказна“ што се одржа во Софија.
Филмот беше прикажан на 8 септември, во рамките на фестивалот, којшто траеше од 7 до 10 овој месец.
„Мејкинг оф“ е интригантна приказна за една девојка со тешка судбина и тројца млади луѓе кои се решаваат заедно да тргнат на патешествие – да снимат филм. Сместен е во жанрот еротска комедија, а во него играат Александар Микиќ, Александра Павлова, Владо Дојчиновски, Ванчо Петрушевски, Хана Менсон.
Премиерата на „Мејкинг Оф“ се одржа минатата недела во кино салата Синеплекс.