Македонскиот центар за граѓанско образование организира награден конкурс за најдобри фотографии на темите:
1) меѓуетничка интеграција во образованието
2) граѓански и демократски вредности кај младите
Право на учество имаат сите наставници од основните и средните училишта низ Македонија, а секој учесник може да достави најмногу до две фотографии (по една за двете теми).
По првичната селекција на фотографии од страна на комисијата на проектот, пристигнатите фотографии ќе бидат објавени на Фејсбук страницата на МЦГО, каде што ќе може да се гласа за нив. Гласањето ќе трае од 10 април до 20 април 2018 година.
За двете теми ќе се одберат по три најдобри фотографии.
Првопласираните две фотографии ќе бидат наградени со лаптоп, второпласираните дела ќе добијат таблет, а за третите места предвиден е дигитален фото апарат.
Повеќе информации за тоа како да аплицирате можете да најдете на следниов ЛИНК.