Најбогатите 85 луѓе во светот имаат богатство колку половина од светската популација!

Најбогатите 85 лица во светот сега поседуваат богатство исто колку што има половина од сиромашната светската популација, односно колку 3,5 милијарди лица, покажа последниот извештај на Оxfam.

siromav

Како водечка тема на годинешниот Светски економски форум што оваа седмица се одржува во Давос е токму растечката нееднаквост, како и превенцијата од тоа во иднина само богатите лица да имаат пристап до најдоброто образование и здравство.

„Запрепастувачки е тоа што во 21 век, половина од светската популација не поседува повеќе од една мала елита чиј што број без проблем ќе се смести во удобно во еден воз“, вели Winnie Byanyima, извршен директор на Оxfam.

„Working for the Few“ го испитува потенцијалот за потиснување на демократијата во развиените земји и влошувањето на корупцијата во неразвиени земји.

Извештајот ги повикува владите за казнување на меѓународните затајувачите на данок и инвестирање во јавните институции како што се здравството, за спроведување прогресивни даноци и искоренување на нетранспарентните политички структури кои ја поттикнуваат корупцијата.

Додека на Светскиот економски форум во Давос се собира светската супер – елита за да разговараат за глобалната економија, групата е далеку од глува за прашања кои се однесуваат на нееднаквоста. Во ноември минатата година, на Светскиот економски форум предупреди дека финансиската нееднаквост се заканува да ги поткопа социјалната стабилност и сигурноста наглобално ниво, пишува Тајм.