Анимираните филмови донесоа со себе неверојатни приказни во веќе изминатата година, од бокс офисот до малите екрани. Пародии од џиновски роботи, милкшејк со лице и птици од паралелниот универзум заробени во нашите имагинации како и најновите дела на т.н. „гуру“ за stop-motion PES.
-„Breaking Bad“ успеа да се пробие во светот на анимацијата преку играта „Ryu vs. Jesse“ односно протагонистите од „Breaking Bad“ и „Street Fighter“.
– Аргентинските автобуси се претворија во смешна, интернет-пријателска пародија на „Transformers“.
– Со „ROYGBIV: A Pixar Supercut“ беа прикажани според боите на виножитото анимираните филмови на Pixar кои досега биле наградувани.
– Léo Verrier со својот анимиран филм „Dripped“ учеше за тоа како да ја одржуваме нашата креативност како Jackson Pollock со цел да изградиме уметнички идентитет.
– Mikey Please ни ја покажа неговата борба со перфекционизмот преку stop-motion филмот „Marilyn Myller“.
– Rick Silva замисли какви би биле птиците во огромен паралелен универзум.
– Скенови од човековото тело создадоа смирувачки виртуелна реалност и надреален геометриски краток филм „Time of Flight“.
– „Marcel the Shell“ ни раскажа за тоа кога бил најизненаден во својот живот.
– Студиото „Ghibli“ на еден од најпознатите и најдобри аниматори, Hayao Miyazaki, најави дека е можно негово затворање, иако тоа се уште функционира во добра форма.
– 3Д филмот „Futurama“ на Alexey Zakharov.
– Во октомври, уметник употреби 3Д принтање за да направи филм без филм.
– На аниматорската сцена се појави Tobias Stretch кој станува се подобар и попознат пред публиката. Тој го направи видеото за песната „Unity“ на Christopher Bono.
– „Augmented reality“, рачно изработени анимации во комбинација со мобилен телефон ни покажаа приказни од секојдневниот живот.
– Познатиот „гуру“ за stop-motion филмови, PES, го објави својот најнов краток филм „Submarine Sandwich“.