Во Шангај се отвори најголемиот музеј на астрономијата во светот, пишува CNN.
Неговата комплексна форма е дизајнирана да ја рефлектира геометријата на космосот. Без правилни линии или прав агол, дизајнот се состои од три лакови што се преклопуваат и потсетуваат на орбитите на небесните тела.
Новиот музеј, кој е официјално отворен викендов, се протега на површина од 420.000 квадратни метри и претставува огранок на музејот за наука и технологија во Шангај. Во него ќе има изложби, планетариум, опсерваторија и соларен телескоп висок над 24 метри. Замислен е од американската фирма „Ennead Architects“, која во 2014 година победи на меѓународниот натпревар за дизајнирање на зградата.
Дизајнот се претвора во три лачни форми: окулус, сфера и превртена купола, повикувајќи се на сонцето, месечината и sвездите, соодветно. Во секоја има атракција за посетители или дизајн со функција.
Посетителите најпрво се среќаваат со окулусот, кој се отвора над главниот влез на музејот. Делува како часовник, создавајќи круг на сончева светлина што поминува низ подот во текот на денот, покажувајќи го времето и сезоната.
Следува планетариумот, кој е затворен во сфера и излегува од покривот на зградата како изгрев на Месечината. Поддолукот на масивната структура се чини дека лебди бестежински, а под него има простор за прошетка.
И на крај, огромната превртена стаклена купола на врвот на покривот им дава на посетителите можност да го погледнат отвореното ноќно небо.