Компаниите секоја година се натпреваруваат кој може да „спакува“ што повеќе меморија во помал простор. Овогодишниот победник е СанДиск, од каде претставија минијатурен УСБ-стик што складира еден терабајт меморија.
Минатата година, Кингстон успеа да претстави два терабајти на малку поголема површина од просечниот УСБ-стик.
СанДиск тоа го направи на многу помал стик, малку поголемо од монета. Плус, станува збор за најнова технологија на УСБ-Ц, што значи дека може директно да се приклучи на Андроид телефон.
Иако засега е претставен само како прототип, а се уште не е најавена потенцијална цена и датум за продажба, се очекува дека би чинел околу 500 долари.