Официјални лица соопштија дека најмалку 46 лица загинале, додека околу 700 се повредени по земјотресот што го потресе главниот индонезиски остров Јава, јавува Евроњуз.
Американскиот геолошки институт (УСГС) соопшти дека земјотресот со јачина од 5.6 степени според Рихтеровата скала бил со епицентар во регионот Сијанџур во провинцијата Западна Јава, на длабочина од 10 километри. Сијанџур се наоѓа на околу 100 километри јужно од Џакарта, а земјотресот силно се почувствувал во главниот град и околината.
Шефот на градската администрација на Сијанџур, Херман Сухерман изјави дека само во една болница во градот се лекуваат „најмалку“ 300 луѓе.
„Повеќето имаат скршени коски откако беа заробени во урнатините на зградите“, рече Сухерман.
Gempa bumi dengan magnitude (M)5,6 dirasakan warga Jakarta dan sekitarnya. Pusat gempa berada di darat 10 km barat daya Kabupaten Cianjur, Provinsi Jawa Barat. Fenomena ini terjadi pada Senin (21/11), pukul 13.21 WIB. Dua warga meninggal dunia. pic.twitter.com/ziXZ590unX
— BNPB Indonesia (@BNPB_Indonesia) November 21, 2022
Истовремено, тој посочи дека билансот на жртви може да се зголеми, бидејќи, како што додаде, селаните можеби сè уште се заробени во урнатините, а многу семејства во селата сè уште не се евакуирани.