Најмалку 50 вреќи ѓубре собрани во еко-акција на извидници од 23 европски земји и „Чист Охрид“

Околу 80 извидници од 23 европски земји, во заедничка акција со организацијата „Чист Охрид“ денеска го исчистија просторот околу Извидничкиот центар, реката Коселска и плажите во околината, информираат од „Чист Охрид“.

Оттаму посочуваат дека во акцијата собрале 50 вреќи ѓубре, а најмногу отпад од пластични шишиња, кеси, марамчиња, стакло, но и телевизор и пластични столови.

„За време на акцијата, пред извидниците и активистите говор одржа Катерина Василевска од ‘Охрид СОС’ за значењето и состојбата во која се наоѓа Охридското Езеро“, се додава во нивното соопштение.

НАЈМАЛКУ 50 ВРЕЌИ ЃУБРЕ СОБРАА ОКОЛУ 80 ИЗВИДНИЦИ ОД 23 ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ, ЗАЕДНО СО АКТИВИСТИ ОД ЧИСТ ОХРИД

Околу 80…

Posted by Чист Охрид on Saturday, 23 April 2022

Истовремено, тие посочија дека акцијата се организира еден ден по Меѓународниот ден на планетата Земја и упатија апел до сите граѓани да ја чуваат околината и постојано да работат на подобрување на животната средина.