Македонија има 4.692 слободни работни места а најголем број од нив односно 972 се наоѓаат во услужните дејности и продажбата, велат податоците на Државниот завод за статистика.
Од другите занимања, 934 слободни работни места има во елементарните занимања, 727 во занимања за неиндустриски начин на работа во производството, 561 слободни места за службениците, 465 за ракувачите и составувачите на машини и постројки, 442 за техничари и сродни занимања, 425 за стручњаци и научници и 140 за стручни работници во земјоделството, шумарството, рибарството и ловот.
Југоисточниот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.03% а во првото тримесечје од 2013 година, стапката на слободните работни места изнесува 1.11%.
Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 1.29%, велат податоците на Државниот завод за статистика.