„Инстаграм“ додаде нова алатка која покажува кои следбеници не ги сакате. Оваа новина им дозволува на корисниците да го „исчистат“ својот профил преку отследување на профилите со кои најмалку комуницираат.
Рака под рака со оваа новина, доаѓа и друга алатка, која покажува со кои профили најмногу комуницирате, со цел полесно да го уредите својот профил.
Алатката може да ја пронајдете на вашите профили, со употреба на копчето „следам“ („following“). Постои опција да ги видите профилите кои најчесто се појавуваат во објавите кои ги гледате. Тие најверојатно се оние профили со кои најмногу комуницирате, поради фактот дека „Инстаграм“ највеќе го цени бројот на допаѓања.
Другата опција е да ги видите профилите со кои најмалку комуницирате. Тука спаѓаат оние профили кои можете да ги отследите доколку нивните објави почнуваат да ви здосадуваат.
Овие нови алатки се тестираа до крајот на минатата година, но конечно се достапни за сите.
Want to see which Instagram accounts show up in your feed the most and who you interact with the least? Now you can! Just tap “Following” and manage your list from there. pic.twitter.com/eKFOBCdutr
— Instagram (@instagram) February 6, 2020
Тие треба да им дозволат на луѓето да имаат поголема контрола врз нивните профили и полесно да стигнат до содржината која сакаат да ја гледаат.
„„Инстаграм“ е апликација која се труди да ги зближи корисниците со луѓето кои им значат и работите кои ги интересираат, но знаеме дека со текот на времето, интересите и односите може да еволуираат и да се променат. Кога ќе дипломирате, ќе се преселите во друг град или се заинтересирате за ново хоби, сакаме да ви помогнеме полесно да менаџирате со вашиот профил за тој да ги репрезентира вашите моментални поврзување и интереси“, изјавил портпарол за компанијата.
Извор: Independent