„Центар за Младински Активизам ЦМА КРИК” од Скопје со поддршка од „Да Научиме“ организира ексклузивна еднодневна обука на тема „Креативни алатки за финансирање“. Обуката е наменета за сите оние кои имаат идеја, но немаат доволно средства да ја реализираат.
Најпознатиот холандски експерт за нови медиуми, Ludo Keizer доаѓа во Македонија со цел врз основа на своето долгогодишно искуство во областа на социјални медиуми и иновации, како и младинска работа, да ја запознае публиката со неконвенционални, практични совети како да дојдете до финансии и фондови кои ќе ви помогнат во остварување на вашите цели.
Ludo работи како модератор, тренер и консултант за министерства, младински организации и некои од 500-те најдобри компании во светот. Исто така, работи како презентер и амбасадор на Liberation Zealand, Your Right 2 Choose, IGF NL and Int. Award for Young People.
Со присуство на оваа обука, учесниците преку конкретни алатки ќе научат како да достигнат поголема финансиска одржливост на вашите проекти и идеи.
Обуката ќе се одржи на 23 септември, понеделник со почеток од 16:30 до 19:30 часот во просториите на Првиот приватен универзитет за туризам и менаџмент, Скопје.
Картите може да се набават по цена од 1000 денари, во просториите на ,,Да Научиме”(позади хотелот Stone Bridge) во строгиот центар на градот. Сите корисници на Еду Картичка може да ја купат картата за семинарот по ексклузивна цена од 800 денари.
Бројот на билетите е ограничен, а крајниот рок за пријавување е 20 септември. Пријавување на броевите: 078 370 987 и 078 528 659.