Најскапата фотографија е продадена во ноември 2011 година за рекордни 4.338.500 долари. Нејзин автор е Андреас Гурски и на неа се гледа реката Рајна.
Сепак, видете ја целосната листа – ова се 20 најскапи фотографии на светот кои се чини ги усреќија своите нови и богати сопственици:
1. „Rhein II” – Андреас Гурски, фотографијата настана во 1999 години, а авторот од неа ги отстраниле сите детали за кои сметал дека непотребни, како на пример пешаците и фабричките згради.
2. „Untitled # 96″ – Синди Шерман, автопортретот на оваа позната уметница е продаден на ноември 2011 за 3.890.500 долари со што стана најскапиот продаден автопортрет на светот.
3. „For Her Majesty” – Гилберт и Џорџ, фотографијата е направена во 1973 година, а беше продадена за 3.666.500 долари.
4. „Dead troops talk” – Џеф Вол, фотографијата на руските војници во Авганистан е продадена за 3.666.500 долари во мај минатата година.
5. „99 Cent II Diptychon” – Андреас Гурски, фотографијата од супермаркет постигнува цена од 3.346.456 долари во 2007 година.
6. „Cowboy” – Ричард Принс, сликата од каубојци беше продадена за 3.4 милиони долари.
7. „The Pond-Moonlight” – Едвард Штајхен, фотографијата е снимена во 1904 година во близина на Њујорк. Продадена е во 2006 година до 2.928.000 долари.
8. „Los Angeles” – Андреас Гурски, фотографијата на која се гледа панорамата на Лос Анџелес од 1998 беше продадена за 2.9 милиони долари.
9. „Untitled # 153“ – Синди Шерман, уште еден автопортрет влезе на листата на најскапи фотографии. Во 2010 година постигна цена од 2.7 милиони долари.
10. „Billy the Kid” – непознат автор, фотографијата е продадена во 2011 година на 2,3 милиони евра и се претпоставува дека ова е единствената слика на познатиот Били Кид.
11. „Tobolsk Kremlin” – Димитри Медведев. Сликата од неговиот хеликоптер ја направи никој друг, туку самиот руски претседател Медведев. Фотографијата се продава за 1.75 милиони долари, а парите се дадени во добротворни цели.
12. „Nude” – Едвард Вестон, фотографијата е едно од неговите најпознати дела, а иако беше проценета на “само” 700.000 до еден милион долари, беше продадена по жестока битка меѓу двајца понудувачи за речиси двојно повеќе од износот, за сума од 1.609.000 долари.
13. „Georgia O’Keeffe (Hands)” – Алфред Штиглиц, сликата на познатиот американски фотограф од крајот на 19 век беше продадена во 2006 година за 1.47 милиони долари.
14. „Dovima with elephants“ – Ричард Aведон, еден од најважните фотографи на 20 век. Неговата фотографија на која Довим, еден од најпознатите американски супермодели од тоа време игра меѓу слоновите беше продадена во 2010 година за 1.151.976 долари.
15. „Nautilus” – Едвард Вестон, уште една слика на овој уметник е продадена за повеќе од милион долари, за 1.082.500.
16. „One” – Питер Лик, сликата на австралискиот фотограф чии дела наликуваат на импресионистичкото сликарство беше продадена за еден милион долари.
17. „Untangling” – Џеф Том, фотографијата од работилницата беше продадена во 2006 година за еден милион долари.
18.„Joueur d’Órgue” – Еуген Атгет, фотографјата е создадена во доцните години на 19-тиот век на улиците на Париз. Иако била проценета на околу150.000 долари, беше продадена во 2010 година за 686.500 долари.
19. „Енди Ворхол“- Роберт Maплеторп, фото портретот на познатиот Енди Ворхол во 2006 беше продаден за 643.200 долари. Маплеторп за време на неговата кариера фотографирал многу личности од светот на уметноста.
20. „Moonrise, Hernandez, New Mexico“ – Ансел Адамс, Адамс важи за основач на модерниот стил на фотографирање пејзажи. Оваа слика е создадена во ноември 1941 година и во 2006 е продадена за 609.600 долари.
Преземено од Б92.