Утрово научниците кои управуваат со Големиот хадронски судирач (Large Hadron Collider – LHC) започнаа со експериментите, по повеќе од две години пауза за надградба на инструментите, пренесува порталот orion.mk.
Првиот експеримент во LHC, кој заврши во 2013 година, донесе спектакуларни сознанија за основните субатомски честички и конечно експериментално докажување на постоењето на хигсовиот механизам, од каде произлегува и Хигсовиот бозон. Со негово докажување се заврши едно важно поглавје во физиката и една од најуспешните теории во физиката – Стандардниот модел.
Денесka научниците го започнаа вториот експеримент, со скоро двојно поголема енергија на судири – 13 тераволти. Овие експерименти ќе ги допрецизираат особините на Хигсовиот бозон, а научниците бараат нови аномалии во природата на честичките, од што би произлегле нови сознанија за светот што не опкружува.
Доколку има аномалии во добиените резултати, тоа ќе значи проникнување во делови од физиката кои не ги познаваме, а со тоа се отвораат и нови хоризонти во квантната физика. Областите за кои научниците се надеваат дека ќе добијат нови сознанија се: честиците од темна материја; суперсиметрија; додатни просторни димензии; други егзотични својства на материјата; нови субатомски честици кои претходно не биле предвидени преку теорија или честици кои досега биле набљудувани, но не се докажани со голема прецизност или можеби ќе се докаже дека првичните резултати биле дел од „шум“ на инструментите. Мора да се напомене дека шансите за набљудување на честиците од темна материја, суперсиметрија, додатни просторни димензии се многу, многу мали, но научниците сметаат дека сепак има простор за надеж.
Анимацијата на CERN покажува како изгледа резултатот судар на два протона во CMS детекторот на LHC. Во една секунда се случуваат по една милијарда вакви судари, а тие со себе носат по 10 гигабајти информации.