Мачката по име Флоси од Лондон влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстара мачка во светот.
Со старост од 26 години и 329 дена, црно-кафеавиот миленик го обори досегашниот рекорд, објави Си-Ен-Ен.
Вики Грин, моменталната сопственичка на Флоси, од хуманитарната организација „Кетс Протекшн“, вели дека најстарата мачка на светот е мила и разиграна.
„Знаев дека Флоси е посебна мачка, но не мислев дека ќе го делам домот со сопственик на светски рекорд“, вели Грин.
Таа додава дека Флоси, иако е глува и слабовидна, генерално е во добро здравје.
Флоси престојувала во неколку различни домови откако била вдомена како улична мачка во близина на Мерсисајд болницата во Ливерпул на почетокот на нејзиниот живот во 1995 година. После долги години и по смртта на нејзиниот сопственик, таа била предадена на организацијата „Кет Протекшн“ и тогаш започнала да се шири информацијата за нејзината неверојатна возраст.
„Бевме зачудени кога ветеринарните податоци на Флоси покажаа дека таа има 27 години“, вели Наоми Рослиг, координаторка на хуманитарната организација.
Најстарата мачка во историјата била Крем Пуф, која имала 38 години и три дена пред да умре на 6 август 2005 година.