Израел Кристал, 112-годишен Израелец кој го преживеал Холокаустот, беше официјално прогласен за најстар човек на светот од Гинисовата книга на рекорди во петокот.
Неговиот живот бил тешко патување – бил дете во Полска кога Првата светска војна го разорала регионот, а млад човек кога Германија извршила инвазија на неговата татковина, истерувајќи го неговото семејство во гетото.
Бил пратен во озлогласениот нацистички камп Аушвиц. Тој е единствен член на неговото семејство кој го преживеал Холокаустот.
Кристал ја доби оваа титула на возраст од 112 години и 178 дена, а го прими сертификатот во својот дом во Хаифа, Израел.
A remarkable life: Learn about Holocaust survivor and world’s oldest man Israel Kristal https://t.co/m3ZZonPmtv pic.twitter.com/4x6QB8klL3
— GuinnessWorldRecords (@GWR) March 11, 2016
„Не ја знам тајната за долг живот. Верувам дека сé е одредено од горе и никогаш нема да ги дознаеме причините за тоа“, вели Кристал за својата долговечност. „Имало попаметни, посилни и поубави мажи од мене, кои веќе не се живи“, додава.
„Сé што останува за нас е да работиме двојно потешко за да го изградиме она што сме го изгубиле“, вели за Кристал за Холокаустот, а пренесува Mashable.