НАкС: Платите се формираат произволно и политички – системска корупција во високото образование

Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“

  • Платите во високото образование се нерамномерни, од околу 500 до 2.000 евра за редовни професори. Нема пропишани посебни и критериуми, кои МОН би ги употребило во распределба на парите во јавните универзитети и научните установи. Распределбата се врши произволно и врз политички параметри, без можност за контрола. Сето ова претставува основа за системска корупција, а го поткупува и тежнее да го сруши од темел високото образование. 

    Независниот академски синдикат (НАкС) на прес-конференција повторно објави загрижувачки податоци од високото образование, како продолжение на серијата истражувања. Овој пат, фокусот беа малите плати и нелогичните поделби по универзитети и факултети.

    Како репер НАкС ги зема редовните професори, како престиж во образованието.

    Професорката Мимоза Ристовска потсети дека во Косово, редовен профор има плата од 1.400 евра, додека просечната плата им е нешто над 350 евра, што е помала од земјава. Во Македонија – професорите земаат нешто над просечна плата. Просекот за редовен професор е 550 евра. Во Албанија, пак, дупло од просечната плата и ја преминуваат „фамозната“ граница од 1.000 евра. Во Србија – околу 1.000 евра, а Црна Гора далеку над оваа сума.

    „Од 2010 до 2018 година државниот Буџет во Македонија пораснал за 38%. Но, очигледно е дека платите во јавниот сектор не го следат порастот на Буџетот“, нагласи Ристовска, потенцирајќи дека високото образование е на граница на егзистенција.

    За разлика од образованието, нагласи дека во култура платата за една деценија е порасната за 17%, здравство за 24,2%.

    Платите што се исплаќаат од буџетот на МОН за плати се пресметуваат според коефициенти. Пример, за редовен професор, коефициентот е 3.921. Но, Ристовска реагира дека оваа методологија на МОН со три децимали, не само што не се почитува, туку таа не постои ниту еден закон, ниту еден колективен договор.

    „Според методологијата, платата би требало да се пресметува со помножување на минималецот со коефициентот. Според одлука на Собрание, минималецот е 14.500 денари, па со множење се добива 56.854 денари. Меѓутоа, такво нешто не се случува! Ние добиваме во просек по 34.438 денари“, вели Ристова.

    За тоа колку нашата држава ги вреднува високото образование и наука, според НАкС, говори податокот дека за плата на редовен професор, државата издвојува скоро 90 евра помалку отколку за секретар со седиште во село (39.000 денари). Или 75 евра помалку отколку платата за радоводител на сектор од второ ниво (38.000 денари).

    Платите за ненаставниот кадар се делат согласно образование, а не според работна позиција или сложеност на работното место. Тоа е проблем, забележува НАкС, што ги става нивните колеги во нерамноправна позиција. Пример, секретар на факултет кој го држи работењето на факултетот, добива иста плата како помлад референт на „Студентски прашања“.

    Постојат разни чудни распределби, пример, просечната плата на доцент на Државниот универзитет во Тетово е 48.147 денари. Таа  е поголема отколку на редовните професори на УКИМ и УКЛО.

    „На УКИМ, пример, 102 редовни професори или дури 16% од вкупниот број редовни професори примаат нето плати пониски од 38.000 денари. Ако се додадат и другите вработени, бројот на вработени на УКИМ кои може да побараат остварување на своето законско право по пат на тужби ќе биде многу поголем, што би можело да доведе до блокада на работењето на најмалку осум единици-факултети. Дел од установите кои имаат некакви сопствени приходи, скоро целокупниот износ го користат за исплата на додатокот за стаж, наместо за унапредување на условите за студирање, развој на научноистражувачката дејност и сл“, алармираат од НАкС.

    Професорката потсетува дека Министерството за финансии е она што одобрува дали може да се покачи платата.

    „Универзитет или факултет испраќа барање ‘имаме пари сакаме да ја покачиме платата’. Министерство за финансии вика ‘вие можете, а вие не можете’. Е па, од кој факултет се министрите за финансии, ви текнува?“, праша Ристовска.

    Дека платите се делат без критериуми и правила во високото образование, зборуваше и професорката Мирјана Најческа. Во поглед на финансирањето, реагираше дека се уште не е формиран Национален совет, иако е предвиден во Законот за високо образование.

    „И автоматски доаѓаме до ситуација кога распределбата се прави на крајно непознат начин. Се прави врз основа на она што во моментот ќе им падне на памет во Министерството за образование и наука или врз некои тајни нам непознати, правила и критериуми кои што постојат таму, меѓутоа очигледно со многу големо партиско влијание и големо политичко влијание во распределбата на овие средства“, забележа Најческа.

    Отсуството од законски определби, отсуството од критериуми и правила за распределба доведува до тоа ад-хок да се решава колку ќе се даде, кому ќе се даде, како ќе се даде.

    „Колку ќе се одврзе ќесето, колку ќе се заврзе ќесето од онаа маса на средства кои што се определени во рамките на основниот буџет на државата за самите институции, јавни високообразовни установи“, дообјаснува Најческа.

    Потсетува дека на најголем број факултети, сопствените средства доаѓаат од партиципациите и школарините на студентите. Сопствени средства се единствените пари на кои се однесува финансиската самостојност на високообразовните установи.

    „Некои од единиците имаат средства кои можат да ги поделат повисоките плати. Меѓутоа, не секој факултет добива дозвола од Министерството за финансии. Тука доаѓаме до она што претходно го зборував за самоволието на власта. Во отсуство на реални параметри, власти може да си дозволи ваков начин на миленичиња и луѓе кои, за нешто што направиле или не направиле, да бидат соодветно казнети“, забележува таа.

    За Маја Стевановиќ, законски нерешените критериуми за финансирање на високото образование, како и за исплата на платите, е извор на системска корупција во високото образование.

    „Ме прашуваат, дали се уште постои корупција во УКИМ, мислејќи на онаа класична застарена корупција ‘100 евра во индекс’. Одговорот дека можеби некаде има, но тоа се инциденти, бидејќи сега е системска корупцијата, нема потреба да биде проста и примитивна. Една колешка, после два пати буткање на студент на УКИМ, бидејќи ништо не знаел, била посетена од раководителот што ја прашал ‘Дали сакаш да продолжиш вака и да немаме средства да исплатиме додатоци за стаж?’. Едноставно, професорите се принудени да го намалуваат квалитетот на студиите, за да се запишуваат поголем број студенти. Друг пример е со бивши декан на голем факултет. Тој на своите колеги, на почетокот на секоја учебна година им велел ‘Правите што ќе правите, јас сакам да ми запишете 1.000 студенти’“, рече таа.

    Според неа, ваквата ситуација не е од вчера.  Постои од крајот на 90-те години, кога тогашниот министер, а нивен колега, рекол „Ако ве бива, излезете си на пазар и заработете си пари“.

    „Оваа држава, од тогаш, се откажала од обврската да го финансира високото образование и науката. Крајно време е, она што ние го бараме, даваме како препорака: државата повторно да си ја преземе обврската за финанирање што значат развој, преку системско решавање за финансирање на виското образование и наука“, констатираше Стевановиќ, апелирајќи да се слушнат нивните препораки и барања, а во спротивно не ја отфрла можноста за синдикални мерки.

    Инаку, истражувањето на НАкС е во рамки на проектот „Транспарентност и отчетност на финансирањето на високото образование и наука во РСМ“, поддржан од Фондацијата Отворено општество.

     

    Бојан Шашевски

  • SPAk: Pagat formohen në mënyrë vullnetare dhe politike – korrupsion sistemor në arsimin e lartë

     

    Pagat në arsimin e lartë nuk janë të barabartë, por rreth 500 deri në 2.000 euro për profesorë të rregullt.  Nuk janë përcaktuar kritere të veçanta, të cilat MASH do t’i kishte përdorur në shpërndarjen e parave në universitetet publike dhe institucione shkencore. Shpërndarja bëhet në mënyrë vullnetare dhe në bazë të parametrave politik, pa mundësi për kontroll.  E gjithë kjo paraqet bazë për korrupsion sistematik ndërsa e inkurajon dhe synon të rrënojë nga themeli arsimin e lartë.  

    Sindikata e Pavarur Akademike (SPAk) në konferencë për shtyp përsëri publikoi të dhëna shqetësuese nga arsimi i lartë, si vazhdim i serisë së hulumtimeve.  Kësaj here, në fokus ishin pagat dhe ndarjet e pa logjikshme në universitete dhe fakultete.

    Si mostër SPAk i merr profesorët e rregullt, si prestigj në arsim.

    Profesoresha Mimoza Ristovska përkujtoi se në Kosovë, profesor i rregullt ka pagë prej 1.400 euro, ndërsa paga mesatare e tyre është diçka nën 350 euro, që është më e ulëta në vend. Në Maqedoni – profesorët marrin paga diçka mbi pagës mesatare.  Mesatarja për profesor të rregullt është 550 euro.  Në Shqipëri, nga ana tjetër, dyfish nga paga mesatare dhe e kalon kufirin “të famshëm” prej 1.000 euro.  Në Serbi – rreth 1.000 euro, ndërsa në Mal të Zi është shumë më pak se kjo shumë.

    “Nga viti 2010 deri në vitin 2018, Buxheti shtetëror në Maqedoni është zmadhuar për 38%. Por, evidente se pagat në sektorin publik nuk e ndjekin rritjen e Buxhetit”, theksoi Ristovska, duke vazhduar se arsimi i lartë është në kufijtë e ekzistencës.

    Për dallim nga arsimi, theksoi se në kulturë paga për një dekadë është rritur për 17%, në shëndetësi për 24,2%.

    Pagat që paguhen nga buxheti i MASH përllogariten sipas koeficienteve.  Për shembull, profesor i rregullt, koeficienti është 3.921. Por, Ristovska reagon se kjo metodologji e MASH me tre decimale, jo vetëm që nuk respektohet, por ajo nuk ekziston në asnjë ligj, në asnjë marrëveshje kolektive.

    “Sipas metodologjisë, paga do të duhet të përllogaritet me shumëzim të minimales me koeficient.  Sipas vendimit të Kuvendit, minimalja është 14.500 denarë, kështu që me shumëzim fitohet 56.854 denarë.  Mirëpo, një gjë e këtillë nuk ndodh! Ne mesatarisht fitojmë nga 34.438 denarë”, thotë Ristova.

    Në lidhje me atë se sa shteti jonë e vlerëson arsimin e lartë dhe shkencën, sipas SPAk, flet informacioni se për pagën e profesorit të rregullt shteti akordon pothuajse 90 euro më pak sesa për sekretar me seli në fshat (39.000 denarë). Ose 75 euro më pak se paga e udhëheqësit të sektorit në nivel të dytë (38.000 denarë).

    Pagat e kuadrit arsimor ndahen në pajtim me arsimin, ndërsa jo sipas pozitës së punës ose kompleksitetit të vendit të punës.  Kjo paraqet problem, thonë nga SPAk, që i vendos kolegët e tyre në pozitë jo të barabartë.  Për shembull, sekretar I fakultetit i cili kujdeset për punën e fakulteteve, fiton pagë të njëjtë si referent i ri i “Pyetje deputetësh”.

    Ekzistojnë shpërndarje të ndryshme të çuditshme, për shembull paga mesatare e docentit në Universitetin Shtetëror të Tetovës është 48.147 denarë. Ajo është më e lartë se e profesorëve të rregullt në UKM dhe UKO.

    “Në UKM për shembull, 102 profesorë të rregullt ose madje 16% e numrit të përgjithshëm të profesorëve të rregullt pranojnë neto paga më të ulëta se 38.000 denarë. Nëse shtohen edhe të punësuar të tjerë, numri i të punësuarve në UKM të cilët mund të kërkojnë realizimin e të drejtës së tyre ligjore me padi, do të jetë shumë më i madh ai numër, që do të mund të rezultojë me bllokimin e punës në të paktën tetë njësi të fakulteteve.  Një pjesë e institucioneve të cilat kanë ndonjë të ardhur vetanake, pothuajse të gjithë shumën e përdorin për pagesën e shtojës për stazh, në vend për avancimin e kushteve për studim, zhvillim të veprimtarisë shkencore hulumtuese dhe ngjashëm”, alarmojnë nga SPAk

    Profesoresha përkujton se Ministria e Financave është ajo e cila e aprovon kërkesën nëse mund të rriten pagat ose jo.

    “Universiteti ose fakulteti dërgon kërkesë, kemi para duam të rrisim rrogën. Ministria e Financave thotë “ju mundeni, por nuk mundeni”. Epo, nga cili fakultet janë ministrat e Financave ju kujtohet?”, pyet Ristovska.

    Nëse pagat ndahen pa kritere dhe rregulla në arsimin e lartë, foli edhe profesoresha Mirjana Najçeska.  Në drejtim të financimit, reagoi edhe Këshilli Nacional ende i pa formuar, edhe pse është parashikuar në Ligjin për arsimin e lartë.

    “Dhe automatikisht vijmë tek situata kur shpërndarja bëhet në mënyrë skajshmërish të pa njohur.  Bëhet në bazë të asaj që për momentin do t’ju bjerë ndërmend në Ministrinë e Arsimit dhe Shkencës ose në bazë të rregullave sekrete, për ne të panjohura dhe kritere të cilat ekzistojnë atje, mirëpo është evidente se bëhet me ndikim të madh partiak dhe ndikim të madh politik  shpërndarjen e këtyre mjeteve”, thotë Najçeska.

    Mungesa e përcaktimeve ligjore, mungesa e kritereve dhe rregullave për shpërndarje rezulton me atë që ad – hok të vendoset sa të jepet, kujt do t’i jepet,  si do të jepet.

    “Se sa do të hapet qesja, sa do të mbyllet qesja, nga ajo masë e mjeteve të cilat janë përcaktuar në kuadër të buxhetit themelor, për vetë institucionet, institucionet publike të arsimit të lartë”, sqaron Najçeska.

    Përkujton se në numrin më të  madh të fakulteteve, mjetet e tyre vijnë nga participimet dhe shkollimin që e paguajnë studentët. Mjetet e tyre janë paratë të vetme që janë pjesë e pavarësisë financiare të institucioneve të arsimit të lartë.

    “Disa nga njësitë kanë mjete të cilat mund t’i ndajnë për paga më të larta. Mirëpo, jo çdo fakultet fiton leje nga Ministria e Financave.  Këtu vijmë tek ajo që paraprakisht e fola për vullnetin e lirë të autoriteteve.  Në mungesë të parametrave realë, autoritetet mund të lejojnë mënyrë të këtillë të manarëve dhe njerëzve të cilët, për diçka që kanë bërë ose nuk kanë bërë, do të dënohen në mënyrë përkatëse”, thotë ajo.

    Për Maja Stevanoviq, kriteret e pa zgjidhura ligjore për financimin e arsimit të lartë, si dhe për pagesën e pagave, është burimi i korrupsionit sistematik në arsimin e lartë.

    “Më pyesin nëse ekziston ende korrupsion në UKM, duke menduar për korrupsionin e vjetër klasik 100 euro në indeks.  Përgjigjja se ndoshta diku ka, por këto janë incidente, sepse tani korrupsioni është sistematik, nuk ka nevojë të jetë I thjeshtë dhe primitiv.  Një kolege, pasi rrëzoi në provim dy herë një studente në UKM, sepse nuk ka ditur, është vizituar nga udhëheqësi i cili e ka pyetur “Dëshiron të vazhdosh kështu dhe mos kemi mjete për pagesën e shtojcës për stazh?”. Thjesht, profesorët janë të detyruar të reduktojnë cilësinë e studimeve, që të regjistrohen numër më i madh i studentëve.  Shembull tjetër është me ish dekanin e një fakulteti të madh. Ai kolegëve të tij, në fillim të çdo viti shkollor ju thotë “Bëni çfarë të bëni, unë dua të më regjistroni 1.000 studentë”, tha ajo.

    Sipas saj, situata e këtillë nuk është prej dje.   Ekziston që në fund të viteve 90-të, kur ministri i atëhershëm, ndërkaq kolegë i tyre, ka thënë “Nëse jeni të zot dilni në treg dhe fitoni para”.

    “Ky shtet, që atëherë ka ngritur dorë nga obligimi të financojë arsimin e lartë dhe shkencën. Është koha e fundit atë që e kërkojmë ne, që e japim si rekomandim: Shteti përsëri të ndërmarrë obligimin për financimin që do të thotë zhvillim, nëpërmjet zgjidhjes sistemore për financimin e arsimit të lartë dhe shkencës”, konstatoi Stevanoviq, duke apeluar të dëgjohen rekomandimet dhe kërkesat, ndërsa në të kundërt nuk e përjashton mundësinë për masa sindikale.

    Për ndryshe, hulumtimi i SPAk është në kuadër të projektit “Transparenca dhe llogaridhënia e financimit të arsimit të lartë dhe shkencës në RMV”, mbështetur nga Fondacioni Shoqëri e Hapur.

    Bojan Shashevski