„Како генерација немавме една целосна непрекината учебна година, а тоа јасно се одразува на нашето образование“, е главниот заклучок од вчерашната дебата „Државна матура 2023: што велат матурантите?“ која ја организираше ОДАС – Организација за дијалог и афирмација на средношколците и студентите.
Од ОДАС велат дека на дебатата се дискутирало за предизвиците со кои средношколците се соочуваа последниве четири години и како тие ќе влијаат на полагањето на државната матура.
Дел од предлозите, велат оттаму, биле намалување на обемот на материјалот предвиден за полагање на матура, изоставување на еден интерен предмет и слично.

Фото: ОДАС
Од ОДАС велат дека заклучоците од дебатата ќе ги достават до надлежните институции.