Јавна соба на 1 април, со почеток од 21:00 часот, доделува награда за најдобра „Јавна маска на 2016 година” која ќе биде изработена по принципот „направи сам”.
„Во минатото кога не ни помислувавме за купување на маски, туку одевме по комши, пријатели и роднини и собиравме предмети, облека, чевли и друго, сé со цел да испродуцираме сами што подобра својата маска за 1 април. Сами или во група, јавно ја презентиравме сопствената досетливост и притоа добро се забавувавме“, се потсетуваат од Јавна соба.
Креативната забава на 1 април ќе биде исполнета со музичка програма. Влезот за сите посетители е бесплатен, а забавата, добрата музика и смеењето се загарантирани, додаваат од Јавна соба.